10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

Музејот Мутер во САД е полн со медицински аномалии и фотографии од истите. Во него можете да погледнете навистина неверојатни, но и вознемирувачки колекции од медицината од минатото. Целта на музејот е да ѝ помогне на јавноста да ја разбере убавината како и мистеријата на човечкото тело. Во продолжение погледнете некои од изложените фотографии.

1. Кинески нокти

10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

Како симбол на висок статус, членовите на кинеската аристократија често ги растеле своите нокти предолги. Најверојатно ова било знак дека немале потреба да извршуваат никаква работа со своите раце.

2. Џин

10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

Ова е скелетот на Џон Асен (1890-1938) кој бил вработен во циркус. Џон бил висок 214 центиметри и поради неговата висина често се појавувал и во холивудските филмови.

3. Тројна ампутација

10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

32-годишниот маж на фотографијата ги изгубил двете нозе и едната рака од вагон кој пренесувал градежни материјали. Тој е втората успешна тројна ампутација во САД.

4. Вдовицата Недела

10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

На фотографијата се наоѓа восочен модел од мадам Диманш (вдовицата Недела) која имала рог со должина од 24,9 центиметри на своето чело. На рогот му биле потребни 6 години за да ја достигне должината. Подоцна бил успешно отстранет од страна на познат француски хирург.

5. Деформитет на стапала

10 вознемирувачки медицински фотографии од минатото

Овој деформитет е од раѓање и може да се појави и на дланките.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар