10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата

10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата

Сигурно веќе сте сретнале некој кој претерал со спрејот за потемнување. Многумина пак претеруваат со шминката и изгледаат навистина смешно. Но, постојат случаи со навистина чудна боја на кожата и тоа од причини што воопшто не се очигледни. Еве неколку приказни за луѓе со сина, зелена и премногу бела боја на кожата.

1. Предозирање со моркови

(1)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Митот дека јадењето моркови ќе ви го подобри видот навечер настанал за време на Втората светска војна од страна Британците. Бидејќи сакале да го прикријат откритието на радарот, Британците ги рашириле гласините дека нивните пилоти јаделе многу моркови за да гледаат подалеку. Ова ја поттикнало консумацијата на моркови.

Но, морковите имаат состојка позната како каротеноид, што им ја дава бојата. Ако јадете премногу храна со висок процент на оваа состојка може да настанат проблеми. Ако јадете премногу моркови, вашата кожа може да стане портокалова. За среќа, лесно е да го отстраните овој проблем – едноставно престанете да јадете храна со многу каротеноиди.

2. Девојките канаринки

(2)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

За време на Првата светска војна, поради отсуството на мажите кои биле на воените фронтови, работата во фабриките ја презеле жените. Оние кои работеле во фабриките за муниција биле познати како девојките канаринки. Тоа не било така бидејќи пееле, туку експлозивот со кој работеле ја претворал нивната кожа во жолта.

Хемикалиите исто така им предизвикувале осипи, проблеми со градите и вртоглавица. Жените кои раѓале во овој период забележале дека и нивните деца имаат жолтеникава боја. За среќа, со текот на времето таа исчезнувала.

3. Зелените деца од Вулпит

(3)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Во 12-тиот век во Вулпит, Англија биле пронајдени едно момче и едно девојче. Она што било чудно е тоа што децата биле зелени. Тие не зборувале и одбивале да јадат сè додека не им понудиле грашок. Едно од објаснувањата за нивната боја е токму љубовта на децата кон грашокот.

Други сметале дека децата биле анемични поради нередовната исхрана. Момчето починало, но девојчето преживеало. Со текот на времето нејзината зелена боја избледела, а по некое време таа научила и англиски јазик. Тогаш им објаснила на другите дека таа и нејзиниот брат дошле од „Земјата на Свети Мартин“ каде што сите биле зелени и немало сонце.

4. Синото семејство Фугат

(4)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Едно семејство кое живеело на планините Апалачи имало необично сина боја. Францускиот имигрант Мартин Фугат, се венчал со една локална девојка во 1800-тите. Од 7-те деца кои ги имале, 4 се родиле со сина кожа. Поради мешаните бракови, но и браковите помеѓу роднини, бебињата со сина кожа почнале често да се појавуваат.

Дури и во доцниот 20-ти век, потомците на Мартин Фугат биле носени во болница поради нивната сина боја. Причината за оваа сина нијанса е еден ген кој предизвикува нарушување каде што крвта носи помалку кислород. Ова ја прави крвта потемна, па кожата изгледа сина. Денес оваа состојба се појавува многу ретко.

5. Кантаксантин

(5)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Убавиот тен е еден од најважните модни додатоци денес. Оние кои немаат време и пари да потемнат на природен начин, многу често користат солариуми, лосиони за потемнување, па дури и пилули. Пилулите, кои се забранети во САД, многу често содржат хемикалии наречени кантаксантин.

Овие хемикалии се многу слични на каротениодот во морковите. Нивната медицинска употреба е да ја направи кожата помалку чувствителна на сончева светлина. Но кога се консумираат овие пилули, нивото на хемикалиите во телото значително се покачува, па луѓето може да станат жолти, портокалови, па дури и темно кафеави.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар