10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни - Part 2

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

6. Јаболка

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Верувањето дека јаболката ги лечат сите болести, или барем ќе ве заштитат од нив, постои со векови. Но јаболкото е симбол што се појавува уште во грчката митологија. Според ирскиот фолклор, хероите јаделе јаболка за да останат млади и силни. Во кинеската култура јаболкото се подарувало во знак на мир. Ова овошје претставува и љубов. На Балканот постоело верување дека ако девојка прифатела јаболко од маж, тогаш била верена за него. Во некои италијански култури, кога мажот е вљубен во некоја девојка ѝ подарува јаболко за да ја покаже неговата љубов.

7. Пченка

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

За Ацтеките пченката била многу повеќе од храна. Тие верувале дека процесот на одгледување и берење е синхронизиран со кругот на животот – раѓање, растење и смрт. Дури имале и три женски божества на пченката кои го претставувале секој циклус. Ги обожувале и им се заблагодарувале во текот на целиот процес на одгледување и берење на пченката.

8. Копар

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Копарот е тревка што се наоѓа во многу градини. Но порано се верувало дека може да донесе љубов и среќа. Во Германија и Белгија се закачувале венци од копар на венчаницата на невестата.

Оваа тревка има и темна страна. Европските свештеници верувале дека копарот предизвикува неплодност и дека има моќ да ги отстрани машките демони кои ги демнеле жените. Копарот го користеле и вештерките. Многу верувале дека пиењето чаша вода со копар може да ве ослободи од некоја магија. Но други верувале дека вештерките користеле копар во нивните напивки и магии.

9. Смоква

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Смоквите се појавуваат уште во Библијата и се сметале за духовна храна. Жените од едно племе во Африка се покривале со гранки од смоква за да ја зголемат нивната плодност. Во Боливија пак се верувало дека злите духови живеат на дрвјата смоква и дека минувањето под нив може да предизвика болест. Во Папуа Нова Гвинеја смоквите предизвикуваат страв бидејќи се верува дека се опседнати со зли духови кои излегуваат кога ќе се отвори овошјето.

10. Афион

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Во древна Грција афионот го претставувал богот на спиењето, Хипнос, и се верувало дека помага во спиењето. Се верува и дека афионот бил поврзуван со Хад претставувајќи го вечниот сон на смртта.

Во Средниот Век младите жени фрлале торта со афион надвор и чекале да ја фати куче. Насоката од која доаѓало кучето е насоката од која ќе се појавела нивната вистинска љубов. Афионот бил поврзуван и со неплодноста. На пример, семките афион во чевлите на невестата може да резултираат со неплодност.

Знаете ли која е најстарата храна откриена од археолозите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар