10 величествени пеперутки кои може да одлетаат засекогаш

10 величествени пеперутки кои може да одлетаат засекогаш

Иако пеперутките ги прифаќаме како составен дел од нашиот свет, експертите стравуваат дека климатските промени, пестицидите и колектирањето на пеперутки води кон исчезнување. Истото може да се случи и во не така далечна иднина. Еве дел од величествените пеперутки кои се на работ од исчезнувањето.

1. Pachliopta jophon

1-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Цејлон роза е убава и исклучително ретка пеперутка која може да се пронајде само во Шри-Ланка. Таа е црно-бела, но на места може да се појават и различни розови дамки. Најголемата закана за овој вид пеперутки е уништувањето на шумите, односно големиот број дрвја коишто се уништуваат со модернизацијата на земјоделството. Тие се прогласени за загрозен вид од 2003 година.

2. Сина морфо пеперутка

2-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Морфо пеперутките живеат во повисоките шуми во Централа Америка и ретко доаѓаат во пониските слоеви. Тие се многу полетни благодарение на големите крилја во интензивна сина боја. Нивната големина достигнува и до 20 см. Кога овие пеперутки летаат се создава голем контраст и се чини како да се појавуваат и исчезнуваат. Сината морфо пеперутка е сериозно загрозен вид поради уништувањето на тропските шуми.

3. Ornithoptera chimaera

3-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Величествена црно-жолта пеперутка која се храни со нектар од хибискус и африканско лале во дождовните шуми на Папуа Нова Гвинеја и Индонезија. Загубата на живеалиштата е главна закана за овој вид пеперутки, како резултат на шумите кои се уништени за потребите на агро-културата и урбанизацијата. За сега се прогласени за многу близу до загрозен вид.

4. Островска мермерна пеперутка

4-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

За прв пат забележана во Канада, оваа зелено-бела пеперутка сега ја има само на два помали острови – Сан Хуан и Лопез во северно-западниот дел на државата Вашингтон. Загубата на живеалиштата го прави овој вид пеперутки еден од најзагрозените видови инсекти.

5. Долгокрилеста сафо пеперутка

5-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Овие уникатни и префинети пеперутки најпрво живееле само во Костарика, но подоцна се забележани и во дождовните шуми на Бразил. Тие се едни од ретките кои се размножуваат само на една ливада и токму тоа е причината за повисоката стапка на смртност кај нив.

6. Papilio troilus

6-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Оваа северно Американска пеперутка обожува да лета на големи дистанци од јужните делови на Америка до Канада и Флорида и на запад до централен Тексас. Мочуриштата и земјоделските површини се нејзино живеалиште, но за жал страдаат од тешките пестициди.

7. Паун пеперутка

7-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Оваа пеперутката може да се види во Пакистан, Индија, Шри-Ланка и делови од Јужна Азија, и е позната како брз летач. Таа го добила своето име поради својата црна боја и зелените завиткани крилја, кои потсетуваат на паун.

8. Junonia coenia

8-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Оваа пеперутка живее во сите делови на САД освен во северозападниот, а најчесто е забележувана на брегот на Калифорнија. Токму поради тоа што е широко распространета, таа е прикажана на поштенската марка во САД од 24 центи во 2006 година.

9. Тигар пеперутка

9-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Оваа пеперутка ја има од Бразил преку север до централна Америка па сè до централниот дел на Мексико. Таа е многу значајна затоа што го врши оплодувањето на цветовите, напрашувајќи ги додека замавнува со портокалово-црните крилја.

10. Стакленокрилеста пеперутката

10-10-velichestveni-peperutki-koi-mozhe-da-odletaat-zasekogash-kafepauza.mk

Со потекло од Колумбија, Боливија, Перу и Еквадор, Стакленокрилестата пеперутката е голема и има магични транспарентни крилја кои наликуваат на панели. И овој вид пеперутка врши опрашување, но тоа го прави поминувајќи неколку часа на еден цвет. Интензивното користење на агрохемикалиите и зголемувањето на фармите, како и сечењето на дрвјата, е сериозна закана за иднината на Стакленокрилестата пеперутка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар