10-те најстари животни кои сè уште се живи - Part 2

10-те најстари животни кои сè уште се живи

6. Желката Џонатан

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Се претпоставува дека Џонатан е роден во 1832-ра година. Ако ова е точно, денес тој има 186 години. Неговиот ветеринар, Џо Холинс верува дека Џонатан не е помлад од 160 години. Просечниот животен век на желките е 150 години. Џонатан живее на островот Света Елена во Атлантскиот Океан. На островот бил донесен во 1882-ра година, а дури има и фотографија од него направена во 1902-ра година.

7. Слонот Дакшајани

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Слонот Лин Ванг до неодамна го држел рекордот за слон што живеел најдолго. Тој умрел во зоолошка во Тајван во 2003-та година на 86-годишна возраст. Во просек, слоновите живеат по 60 години во дивината. Кога станува збор за сè уште живите слонови, рекордот го држи Дакшајани. Се смета дека денес има околу 87 години.

8. Неименуван лилјак

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Најстариот жив лилјак живее во Сибир и има 41 година. Најинтересен е фактот што лилјакот ја достигнал оваа возраст во дивината. Во 2005-та година лилјакот бил фатен за да го обележат, само за да откријат дека бил обележан во 1964-та година. Обично, големината на цицачите одредува колку долго ќе живеат. Поголемите живеат подолго, помалите пократко. Научниците веруваат дека залихата на храна, како и хибернацијата играат голема улога во долговечноста на лилјакот. Овој лилјак хибернира 9 месеци годишно. Исто така недостатокот од предатори може да игра голема улога.

9. Албатросот Виздом (Мудрост)

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Овој албатрос кој има 67 години е најстара птица во светот. Албатросите во просек живеат по 50 години. Возраста на птицата е откриена исто како и кај лилјакот. Во 2002-та година бил фатен за да го обележат и сфатиле дека бил обележан во 1956-та година. Виздом е забележуван секоја година од 2002-ра па наваму во истото гнездо. Интересно е што секоја година несе по едно јајце и досега има снесено 39.

10. Орка китот Грени (Бабичка)

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Грени е најстариот кит убиец. Се верува дека е роден во 1911-та година и дека има 107 години. Просечниот животен век на женските орка китови е 50 години, иако понекогаш живеат и по 80. Грени не е обележана и ја препознаваат поради осекотина на нејзината перка. Сепак, денес постојат гласини дека Грени можеби е мртва. Последен пат била забележана во 2016-та година со друг мал кит. Малиот кит подоцна е забележан како плива сам. Исто така постојат гласини за вистинската возраст на Грени. Според хемиска анализа се покажало дека нејзината возраст е помеѓу 60 и 80 години.

Погледнете и кои се најстарите литературни дела во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар