10-те најскапи течности кои е речиси невозможно да ги купите

10-те најскапи течности кои е речиси невозможно да ги купите

На што помислувате кога некој ќе го спомне зборот скапо? Автомобили? Приватни авиони? Сигурно ова се првите работи на кои ќе помислите. Но што ако некој ве праша која е најскапата течност? Што би помислиле тогаш? Кога некој спомнува течност, водата е прво нешто што ни доаѓа на памет и како што знаеме таа не е скапа. Дури би помислиле дека ниту една течност не може да има превисока цена. Но, ова е погрешно. Погледнете некои од најскапите течности во светот што нема да ви се верува колку вредат.

1. Човечка крв

(1)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Човечката крв не би требало да е скапа бидејќи ја има во изобилство, се согласувате? Но ова не ја намалува нејзината цена. Цената на крвта најмногу зависи од нејзината група – постојат неколку групи кои се навистина ретки, па поради ова имаат највисока цена. Покрај ова, процесот на преработка е она што ѝ ја крева цената.

2. Гама-хидроксибутерна киселина (GHB)

(2)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Оваа киселина е природна супстанца која се наоѓа во човечкиот нервен систем. Се продава на улиците како илегална дрога и е позната под името „течна екстаза“.

3. Црна боја за принтер

(3)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Ова е бизнис тактика која ја користат компаниите за да заработат многу пари. Тие ги продаваат принтерите по ниска цена и ги враќаат своите пари преку бојата за нив. Црната боја има највисока цена од сите.

4. Жива

(4)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Жива – единствениот метал кој е во течна состојба на собна температура, некогаш се користел во медицината. Но откако се открило дека има токсични ефекти, живата почнала да се употребува само за небиолошки работи.

5. Инсулин

(5)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Панкреасот во човечкото тело произведува инсулин. Но, луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неговото производство, па имаат потреба од вештачки инсулин. Иако е поевтин од природниот, тој сепак спаѓа на оваа листа.

6. Шанел 5

(6)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Постои од 1922 година и до денес е еден од најскапите парфеми и еден од најскапите брендови.

7. Крв од копитести краби

(7)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Потребата од оваа крв е голема и се користи за проверка на загадувањето на медицинските продукти.

8. ЛСД

Drugs Illustration

Оваа дрога била една од најпопуларните во 1060-тите и 1970-тите години и најчесто била користена од хипиците. Познато е дека кај корисникот предизвикува халуцинации.

9. Отров од кралска кобра

(9)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Кралската кобра е една од најотровните змии на земјата. Нејзиниот отров е главна состојка во силните апчиња за болка и противотровите.

10. Отров од скорпија

(10)10-te-najskapi-technosti-koi-e-rechisi-nevozmozhno-da-gi-kupite-kafepauza.mk

Само неколку видови скорпии имаат отров кој е смртоносен за луѓето, а тој отров е навистина скап. Причината за ова е тоа што тој се користи во медицината.

Погледнете ги и 10-те најскапи штикли во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар