10-те најплатени актери за 2015-та!

10-те најплатени актери за 2015-та!

Се ближи крајот на 2015-тата година во која имавме прилика да погледнеме многу добри филмови. Чекавме со месеци за продолженијата на омилените филмови и серии, а сега со нетрпение ја очекуваме 2016-тата за да погледнеме што наредно ни подготвуваат филмските студија во Холивуд.

10-те најплатени актери за 2015-та!

Додека чекаме, се навраќаме на овогодишната кино програма и ги набројуваме најплатените актери за 2015-та година.

1. Роберт Дауни Џуниор: 80 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Роберт годината ја започна како Iron Man (Железниот човек) во вториот дел на „Avengers“ (Одмаздници), а колку е оваа франшиза популарна кажуваат и цифрите од неговата заработка, со што се пласира на првото место на оваа листа.

2. Џеки Чен: 50 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Џеки оваа година сними само еден филм, а за наредната планира седум!

3. Вин Дизел: 47 милини долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Трите филма кои ги направи годинава, во кои се вбројува „Fast and Furious: Furious 7“ (Брзи и бесни 7), му донесоа голем успех на Вин Дизел, кој многу добро заработи оваа година.

4. Бредли Купер: 41,5 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Двата филма кои Бредли ги направи годинава, во кои спаѓа и „Joy“ (Радост) кој е номиниран за Златен глобус во категоријата за најдобар мјузикл/комедија, се сосема доволни за Бредли да заработи преку 40 милини долари.

5. Адам Сендлер: 41 милион долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Познатиот комичар оваа година се прослави со гласовната улога во анимираниот филм „Хотел Трансилванија“. Сосема солидна плата за само еден филм, зарем не?

6. Том Круз: 40 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

„Mission Impossible“ (Невозможна мисија) му помогна на Том да се пласира на 6-тото место на листата на најплатените актери за 2015.

7. Марк Валберг: 32 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Иако оваа година не направи ниту еден филм, Марк заплива во продуцентските води и заработи доста добар хонорар.

8. Двејн Џонсон: 31,5 милиони долари

10-те најплатени актери за 2015-та!

Два филма и една серија – формулата за успех кога станува збор за The Rock (Карпата).

9. Џони Деп

10-те најплатени актери за 2015-та!

Со помош на два филма, Џони Деп оваа година заработи точно 30 милиони долари.

10. Леонардо Дикаприо: 29 милиони

10-те најплатени актери за 2015-та!

Лео оваа година можеби заработи помалку од неговите колеги, но има на што да се радува! Имено, се предвидува дека 2016-та година ќе биде годината во која Лео конечно ќе добие Оскар за неговата улога во новата драма „The Revenant“ (Повратникот).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар