10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста - Part 2

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

6. Константин Бранкуши (1876 – 1957)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Како еден од највлијателните скулптори на 20-тиот век, Бранкуши бил пионер на модернизмот. Романскиот уметник бил под големо влијание од фолклорните традиции, но барал инспирација и во културите надвор од Европа. Неговите скулптури се познати по нивните чисти геометриски линии, кои се очигледни во неговиот серијал „Птица во просторот“. Бранкуши создавал и извонредни скулптури на отворено, а „Бескраен столб“ е едно од трите дела што ги направил во чест на романските херои од Втората светска војна.

7. Алберто Џакомети (1901 – 1966)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Шведскиот скулптор Алберто е можеби најпознат по неговите тенки и издолжени фигури. Нивната груба текстура им овозможува на гледачите да ја видат силата на скулпторот, кој истовремено сликал и правел принтови. Во период од 6 години, почнувајќи во 1938-ма година, Џакомети се фокусирал на мали скулптури и секое дело не било повисоко од 6,9 центиметри. Неговите дела се поврзуваат со егзистенцијализмот и човечката состојба, а многумина сметаат дека издолжените фигури го претставуваат недостатокот од значење во животот во 20-тиот век.

8. Хенри Мур (1898 – 1986)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Најпознат по неговите полуапстрактни јавни скулптури, англискиот уметник Хенри Мур е најпознатиот поствоен уметник во Британија и пошироко. Неговите дела најчесто ја обработуваат темата мајка и дете. Скулптурите на Мур често се поделени на неколку делови, но чистите линии му овозможуваат на гледачите да ја забележат фигурата во апстрактната форма.

9. Сол Левит (1928 – 2007)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Познат како основач на минимализмот и концептуализмот, Сол се истакнал во доцните 60-ти. Американскиот артист повеќе сакал да го користи терминот структури наместо скулптури. Бил заинтересиран за модуларни скулптури, најчесто со форма на квадрат, а голем дел од неговите дела претставуваат наредени цилиндрични блокови. Подоцна почнал да внесува и кривилинеарни форми и интензивни бои, нешто сосема поразлично од неговите претходни дела. Левит е исто познат и по неговите мурали и архитектонските проекти.

10. Луиза Буржуа

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Најпозната по нејзините јавни уметнички инсталации, француско-американската скулпторка Луиза го привлече вниманието на јавноста во 1982-ра година, откако Музејот за модерна уметност ја направи првата ретроспектива за неа. Дотогаш таа веќе била во нејзините 70-ти и уживала во нејзината кариера. Црпејќи инспирација од нејзините животни искуства, делата на Луиза често истражуваат теми како семејство, сексуалност и смрт. Во 1990-тите, Луиза почнала да го користи пајакот како симбол за нејзината уметност. Нејзината најпозната скулптура „Мама“ е дел од 6 бронзени скулптури и е со височина од над 9 метри. Делото е ода за нејзината мајка која умрела додека била мала и ја претставува нејзината сила и заштита.

Прочитајте и за познатите уметници кои ги мразат своите ремек-дела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар