10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренс

10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренс

Младата актерка која веќе ја одбележа својата кариера со бројните филмски награди отсекогаш знаела да фасцинира со својот шарм. Но, покрај нејзиниот очигледен талент, таа е позната и по својот интригантен карактер и по тоа што секогаш има одговор за сите прашања, успешно контролирајќи ја која и да било дадена ситуација. Понекогаш хумористична и смешна, а понекогаш сериозна, Џенифер Лоренс е како постар мудрец заглавен во телото на една млада жена. Во продолжение прочитајте ги нејзините најдобри изјави поради кои сите ние уште повеќе ја сакаме.

10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренс

По повод фотографиите на кои актерката е гола и кои излегоа во јавноста во 2014-тата година, Џенифер изјавила: „Само затоа што сум јавна личност, само затоа што сум актерка, не значи дека барав ова да се случи. Не значи дека тоа доаѓа со славата. Тоа е моето тело и тоа би требало да биде мој избор. Факот дека тоа не е мој избор е апсолутно одвратен. Не можам ни да поверувам дека живееме во таков свет… Започнав да пишувам извинување, но немам за што да се извинувам.“

„Не сакам да бидам непристојна, но актерството е глупаво. Сите ме прашуваат ‘Како успеваш да останеш скромна?’, а јас им одговорам ‘Зошто би била вообразена?’ Не спасувам ничиј живот. Тоа се докторите кои ги спасуваат животите и пожарникарите кои влегуваат во зградите кои се во пламен. Јас снимам филмови. Тоа е глупаво.’“

„Можам да набројам многу работи кои даваат подобро чувство од тоа да се биде слаб: Компири. Леб. Сендвич со сирење, говедско и помфрит.“

„Ми се допаѓа како изгледам. Навистина ми е смачено од оние актерки кои изгледаат како птици. Радо би изгледала пополна на камера и како личност во реалниот живот, отколку да изгледам одлично на екранот, а како страшило во реалноста.“

За политичката поддршка изминатата година, Џенифер изјавила: „Воспитана сум како републиканка, но јас едноставно не можам да замислам дека некогаш би поддржала партија која не ги поддржува основните права на жените. Сега е 2015-та година и хомосексуалните парови не можат да се венчаат, а ние мислиме дека далеку сме дотуркале. Но, дали е тоа навистина така? Не сакам да молчам за тие работи.“

„Никогаш не ми било јасно зошто луѓето мораат да станат разгалени детишта кога ќе станат успешни. Сметам дека би требало да правиш многу повеќе кога ќе станеш успешен, бидејќи луѓето очекуваат повеќе од тебе. Успехот не значи дека ти е дозволено да работиш помалку и да ги третираш луѓето како да се помалку вредни.“

„Никогаш нема да се изгладнувам заради некоја улога. Не сакам малите девојчиња да мислат ‘Ох, сакам да изгледам како неа, па ќе ја прескокнам вечерата’.“

„Пред две недели на работа, застанав зад себе и го кажав своето мислење на јасен и пристоен начин. Без агресии, само бев отворена. Човекот со кој работев (всушност, тој работеше за мене) ми рече: ‘Еј! Сите сме овде дел од истиот тим!’. Како да му се развикав.“

„Изгледаш онака како што изгледаш. Чувствувај се добро во својата кожа. Што ќе направиш друго? Да гладуваш секој ден за да ги направиш луѓето среќни? Тоа е едноставно глупаво.“

„Бидете силни. Немојте да бидете некој кој слепо ќе следи сѐ, секогаш правете ја правилната работа. Помеѓу добрите и лошите работи, добриот пат е секогаш помалку стресен.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар