10-те главни карактеристики на емпатите

Главната карактеристика на сите емпатични луѓе е нивната способност да ги чувствуваат и апсорбираат емоциите и физичките симптоми на другите луѓе, бидејќи се многу сензитивни. Тие го гледаат светот низ нивната интуиција и имаат потешкотии да ги интелектуализираат своите чувства. Но, кога ќе научат како да се центрираат и стабилизираат себеси, емпатите не мора премногу да чувствуваат и да сочувствуваат со другите. Првиот чекор е да се препознае и прифати фактот дека сте емпатични, па затоа во продолжение прочитајте ги и 10-те главни карактеристики на емпатите и погледнете дали и вие спаѓате во оваа група луѓе.

10-те главни карактеристики на емпатите

1. Емпатите се многу сензитивни

Емпатите се духовно отворени, дарежливи и природно сакаат да ги слушаат другите. Тие секогаш ќе ве поддржат и ќе бидат вашето рамо за плачење, дури и во најтешките моменти. Но, нивните чувства можат да бидат лесно повредени, па затоа често се советувани да бидат поцврсти.

2. Ги апсорбираат чувствата на другите

Емпатите се прилагодуваат на расположението на другите, независно дали тоа е добро или лошо. Тие чувствуваат сѐ, понекогаш и до екстреми. Ако се во негативно опкружување, тие се чувствуваат лути и анксиозни. Ако се опкружени со љубов, мир и позитивна атмосфера, нивните тела го апсорбираат тоа и се чувствуваат добро и смирено.

3. Емпатите се интровертни

Емпатите стануваат пречувствителни во гужви, бидејќи тоа им ја зголемува емпатијата. Тие сакаат да бидат интровертни и повлечени и попрво би сакале да се социјализираат со помали групи луѓе. Дури и ако некои од емпатите се поотворени и подруштвени, тие сакаат да го ограничуваат времето што ќе го поминат на некоја забава или со поголеми друштвени кругови.

4. Емпатите се високо интуитивни

Емпатите го искусуваат светот преку нивната интуиција. Ним им е важно да ги слушаат своите инстинкти и претчувства за другите, бидејќи тоа им помага да создаваат подобри односи.

5. На емпатите понекогаш им е потребно да бидат сами

Кога се помеѓу луѓето, енергијата на емпатите полека им исчезнува, па одвреме-навреме им е потребно да бидат сами и да ги наполнат батериите. Дури и малиот краткотраен одмор може да биде од огромно значење за нивната емоционална состојба.

6. Емпатите можат да станат пречувствителни во интимните врски

Премногу комуникација и поминување време со партнерот може да биде тешко за емпатите, па затоа тие понекогаш ги избегнуваат интимните врски. Длабоко во себе тие се плашат да не го изгубат својот идентитет и да не се чувствуваат „згушено“. За односот да биде подобар и самата врска поуспешна и функционална, за емпатите, традиционалните парадигми за љубовните врски треба да бидат предефинирани.

7. Емпатите се цел на луѓето кои ја црпат енергијата

Чувствителноста на емпатите ги прави лесна цел за луѓето кои ја црпат физичката и психичката енергија како што се нарцисоидните личности. Ним им недостасува емпатија и често се грижат само за себе и со ова нивно однесување ги прават да се чувствуваат безвредно и бескорисно.

8. Емпатите уживаат кога се во природата

Брзото темпо на секојдневниот живот може да биде премногу за емпатите. Затоа природата ги исполнува, им помага да се ослободат од сиот свој товар и им овозможува за момент да избегаат од реалноста во зеленилото и дивината.

9. Емпатите имаат засилени сетила

Нервите на емпатите можат да бидат вознемирени од звуците, мирисите и претераното зборување.

10. Емпатите имаат големи срца, но понекогаш се премногу дарежливи

Емпатите се личности со големи срца и секогаш се обидуваат да ја намалат болката на другите. Независно дали се работи за бездомник, за повредено дете или за вознемирен пријател, тие секогаш ќе сакаат да помогнат.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар