10 тајни кои сопствениците на казината не сакаат да ги знаете

Прекрасно светло, лесни пари, луксузен живот… Ова се работите со кои се поврзуваат казината. Иако се одлични за забава, следниот пат кога ќе одите во казино имајте ги на ум овие „тајни“.

1. Силните светла ве тераат да се обложувате побрзо

(1)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Дали сте се запрашале зошто во казината има безброј светилки и интересни детали? Ова е трик кој ќе ве натера да потрошите повеќе. Психолозите велат дека црвените светла и брзата музика ги тера луѓето побрзо да одлучуваат и евентуално да потрошат повеќе пари.

2. Колку повеќе луѓе има на масата толку е побавна играта

(2)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Професионалните коцкари сакаат да играат на полна маса, и имаат одличен изговор за ова. Прво, повеќе луѓе значи побавна игра и повеќе време за размислување. Покрај тоа „комплиментите“ како бесплатни пијачки се поврзани со времето кое играчот го поминува во казиното.

3. Обезбедувањето е насекаде

(3)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Речиси невозможно е да украдете пари од казиното поради нивниот систем за обезбедување. И овде не спаѓаат само големите момци кои стојат насекаде. Низ целиот простор се поставени камери кои лесно можат да ве препознаат и да поврзат дали сте сами или со некого.

4. Поголемите чипови го прават губењето полесно

(4)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Казината ќе ве охрабрат да земете поголеми чипови, а и овде улога има психологијата. Поголемите чипови го прават губењето полесно бидејќи поголема е веројатноста да фрлате чип од 25 евра, наместо 5 чипови од 5 евра.

5. Во поголемиот број казина нема прозорци и часовници

(5)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Лесно е да изгубите чувство за време во казиното. Најчесто причината за ова е недостатокот од прозорци и часовници. Играта ви го зема целото внимание, па многу често ќе останете подолго од планираното. И се разбира, ќе потрошите повеќе пари.

6. Не играјте кено

(6)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Шансите за победа на оваа игра се навистина мали. Речиси е невозможно да погодите 20 броеви и вашите пари сигурно ќе изгорат.

7. Не играјте рулет

(7)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Големото светкаво тркало е навистина привлечно за многумина. Но шансите за добивка се навистина мали, иако не изгледа така.

8. Амбиентот е клучен

(8)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Казиното прави да се чувствувате како навистина да се грижи за вас. Тивка музика, добро светло и удобност. Столовите се секогаш убави, а подот има одличен дезен. Ова прави навистина да се опуштите.

9. Локација

(9)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Дали имате забележано дека во поголемите казина, за да стигнете до тоалетот треба да поминете низ многу машини и маси за играње? Трикот е во тоа што сите услуги се лоцирани на недостижни места, па додека ги барате се зголемуваат шансите да потрошите уште повеќе пари.

10. Повремена победа

(10)10-tajni-koi-sopstvenicite-na-kazinata-ne-sakaat-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Ништо не ви дава надеж како среќниот добитник до вас. Па „Штом некој победил можам и јас“ е најголемиот трик на казината. За жал, ризикот од губење е многу висок наспроти шансите за победа, па навистина треба да се запрашате дали вреди.

Дали знаете зошто казината прават толку голем профит?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар