10 светски познати идеи што почнале како соништа - Part 2

10 светски познати идеи што почнале како соништа

6. Стрипот „Тинтин во Тибет“ (Tintin In Tibet) на Ерже

10 светски познати идеи што почнале како соништа

Креаторот на Тинтин, Ерже имал кошмар кој се повторувал.

„Моите соништа содржеа големи бели површини. Се сеќавам на еден од нив кога бев во некоја кула направена од серија рампи. Мртви лисја паѓаа и покриваа сè. Во еден момент се појави бел скелет кој се обиде да ме фати. Во тој момент сè околу мене стана бело.“

Еден психијатар му кажал на Ерже дека соништата биле предизвикани од неговата работа на Тинтин и дека требало веднаш да се „ослободи од демоните“. Наместо тоа, Ерже го создал стрипот „Тинтин во Тибет“, приказна која се случува на снежните Алпи, кои ги претставуваат белите површини од неговиот сон. Стрипот му помогнал на Ерже да ги надмине кошмарите и станал едно од неговите најпознати ремек-дела.

7. Книгата „Доктор Џекил и господин Хајд“ (Dr. Jekyll And Mr. Hyde) од Роберт Л. Стивенсон

10 светски познати идеи што почнале како соништа

Роберт бил во финансиска криза и под голем притисок од неговиот издавач да напише популарна авантура. Една вечер, тој имал толку лош сон што почнал да вика. Неговата сопруга, Фани, го разбудила, но тоа не му се допаднало. Тој ѝ рекол:

„Зошто ме разбуди? Сонував одлична морничава приказна.“

Излегло дека овој кошмар му ги решил проблемите. Тој го запишал својот сон кој подоцна се претворил во популарната книга.

8. Филмот „Почеток“ (Inception) на Кристофер Нолан

10 светски познати идеи што почнале како соништа

Можеби не е чудно што познатиот филм за соништа е инспириран токму од нив. Филмот не потекнува од еден сон. Според Нолан, идејата ја добил од неколку луцидни соништа, односно соништа кои можете да ги контролирате и менувате. Се разбира, најважното нешто во луцидните соништа е да бидете свесни дека сонувате, со цел да разликувате сон од реалност. Искуството на Нолан со ова разликување го инспирирало да го направи главна тема во филмот.

9. Книгата „Франкенштајн“ (Frankenstein) од Мери Шели

10 светски познати идеи што почнале како соништа

Мери Шели присуствувала на забава организирана од лордот Бирон. Иако било лето, вулканска ерупција го блокирала сонцето и ова ставило крај на сончевиот ден. Групата од забавата требало да најде нов начин да го помине времето. Тие почнале да си кажуваат страшни германски приказни. Инспирирана од ова, Мери им рекла на сите да измислат нивна приказна според оние што ги имале прочитано. Истата ноќ, Мери сонувала за луд научник кој сакал да си игра Бог со тоа што ќе направи нова човечка раса. Овој сон се претворил во неверојатната книга која е позната и денес.

10. Хитот „Yesterday“ на The Beatles

10 светски познати идеи што почнале како соништа

Најпознатата песна на светот му се „појавила“ во сон на Пол Макартни. На почетокот тој не го знаел ова. Се разбудил со мелодија која му се повторувала, за која мислел дека ја слушнал негде. Но колку и да се обидувал, не можел да се сети од кој и каде ја слушнал. За да ја реши мистеријата, тој ја отсвирил мелодијата на пијано и ги запишал нотите. Потоа им ги дал на пријателите и ги прашал кој е изведувачот на песната. Некое време тој не верувал дека мелодијата е плод на неговата потсвест.

„Но не е можно да сум ја напишал бидејќи ја сонував.“

Кога станало јасно дека песната не е на никој друг, бендот ја објавил. Оригиналниот наслов бил „Scrambled Eggs“, а вториот стих бил „Oh, my baby, how I love your legs“. Со тек на време текстот се претворил во „Yesterday“ која ја знаеме денес.

Доколку имате интересни соништа но не можете да ги запомнете, овие трикови ќе ви помогнат во тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар