10 славни ѕвезди докажуваат дека физичката несовршеност може да ве направи посилни

Тажно е тоа што многумина се навикнати да ги обвинуваат другите за нивните неуспеси, наместо да продолжат напред и да ги совладаат пречките кои им излегуваат на патот. Но, постојат луѓе кои и покрај ударите коишто им ги задал животот, успеале да постигнат успех и да му докажат на светот дека физичките недостатоци не се причина тие да се откажат.

1. Вини Харлоу

Харлоу боледува од витилиго, нарушување на пигментацијата на кожата и тоа било причина таа да биде исмејувана во нејзиното детство и да биде нарекувана крава, зебра и слично. Но, Харлоу не се откажала, па по учеството во ТВ шоуто America’s Next Top Model, таа станала една од најбараните модели во светот. Харлоу денес објаснува дека витилиго е состојба на кожата, а не проклетство кое го уништува животот.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

2. Стивен Хокинг

Кога Хокинг имал 21 година, лекарите му дијагностицирале парализа и му рекле дека младото дипломирано момче од универзитетот во Оксфорд ќе има само уште две и пол години живот. Но, тој не само што продолжил со студирање, туку исто така станал еден од најпознатите физичари во наше време. Во 1985 година овој научник ја загубил способноста да зборува, но дури и тоа не го спречило да напредува.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

3. Питер Динклиџ

Оваа ѕвезда е жив доказ дека харизмата, талентот и вредната работа се многу поважни од висината. Динклиџ бил роден со наследна болест која резултира со џуџест раст. Тој не се навредува кога ќе го наречат џуџе, па дури и самиот прави шеги на сметка на својата состојба.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

4. Викторија Модеста

Поради повреда при раѓањето, на Модеста ѝ била ампутирана едната нога под коленото, а подоцна истата ѝ била заменета со вештачки екстремитет. Таа не го смета нејзиниот недостаток како некоја голема пречка. Токму затоа и редовно позира за некои списанија и продолжува да ги руши стереотипите за убавина.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

5. Силвестер Сталоне

Како резултат на медицинска грешка, Силвестер Сталоне при раѓањето се здобил со оштетени нерви на лицето. Ова резултирало со делумна парализа на долниот лев дел од неговото лице и трајно неразбирлив говор. Иако се чинело дека неговите проблеми ќе влијаат на неговата кариера, сепак, Сталоне зад себе веќе има 50-тина филмови и меѓународна филмска слава.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

6. Џејми Бруер

Актерката и модел со Даунов синдром, Џејми, се здоби со слава како една од главните ѕвезди на ТВ серијата „Американска хорор приказна“. Што е уште поважно, таа е првата жена со таква генетска болест која излегла на пистите на модната недела во Њујорк во 2015 година.

„Сакам младите жени да погледнат во она што го правам и да си кажат и самите дека сето ова е достижно и за нив. Ги инспирирам другите да не го кријат она што навистина се“, вели Бруер.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

7. Форест Витакер

Вродената птоза (паднат горен очен капак) на левото око, не го спречила Витакер од постигнување голем успех во својата актерска кариера, како и да биде добитник на повеќе награди. Критичарите честопати истакнуваат дека птозата всушност дава дополнителна мистерија на неговите ликови.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

8. Рој Френк Мите

Од раното детство, Мите страдал од церебрална парализа. Во ТВ серијата „На лош пат“ тој ја играл улогата на Волтер Вајт Џуниор, кој исто така ја имал оваа болест. Исто така многу е посветен при помагање на луѓето со физички проблеми.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

9. Марли Матлин

Марли е единствената глува личност која добила Оскар за најдобра актерка. Таа има учествувано во повеќе филмови и ТВ серии.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

10. Ник Вујичиќ

Човекот кој е роден со ретко генетско нарушување, недостаток на екстремитети, продолжува да инспирира многу луѓе ширум светот. Ник не само што изградил среќно семејство, туку исто така има напишано и неколку книги што нѐ потсетуваат дека ништо не е невозможно и дека пречките постојат само онаму каде што ние ќе ги поставиме. Денес Вујичиќ е говорник за мотивација, помагајќи им на другите да го пронајдат својот пат.

10 славни ѕвезди кои докажуваат дека физичката несовршеност само може да ве направи посилни

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар