10 шокантни теории кои ја покажуваат другата страна на историјата

10 шокантни теории кои ја покажуваат другата страна на историјата

Поголемиот дел од луѓето ги прифатиле општо познатите мислења за големите историски настани. Но, постои можност некои од овие настани да биле прикажани лажно поради разни причини. Погледнете неколку алтернативни теории за најпознатите историски настани од друга гледна точка. Што мислите, која верзија е вистинита?

1. Тонењето на Титаник

Прва теорија

(1)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Според оваа теорија, бродот кој потонал бил Олимпик – брод идентичен со Титаник. Олимпик бил направен една година порано и случајно бил оштетен, но не бил осигурен. Со цел да ги платат сметките, White Star Line добиле една идеја – тајно да ги сменат бродовите пред тргнувањето. Тие сакале да го испратат оштетениот Олимпик наместо Титаник, да го лажираат потонувањето, да ги евакуираат патниците и да добијат пари од осигурувањето. Но, Олимпик потонал премногу брзо, а најблиските бродови за спасување биле на голема далечина.

Втора теорија

(2)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Оваа теорија тврди дека на бродот имало пожар кратко пред тргнувањето. Некакви докази од овој пожар може да се забележат од фотографиите од денот на тргнувањето. Ѕидовите на складиштето со јаглен имаат големи темни точки, кои можеби укажуваат на внатрешен пожар. Џон Дилеј, пожарникар на бродот, изјавил дека имало пожар кој траел 5 дена во складот број 6. После пожарот, бродот не можел да го издржи ударот од сантата мраз.

Трета теорија

(3)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Оваа е најинтересната теорија и според неа, Несреќната мумија, древен египетски артефакт од британскиот музеј, бил дел од багажот на бродот. Артефактот е познат по несреќата која ги следела сите негови сопственици. По трагедијата на Титаник, весниците објавиле дека Несреќната мумија всушност била свештеничка на Амон Ра. Во внатрешниот дел од саркофагот пишувало „Оставете го заборавот, и освојте ги оние кои ви стојат на патот со еден остар поглед.“

2. Нови откритија во Египет

(4)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Научниците сè уште се расправаат за годината во која се изградени пирамидите во Египет. Иако звучи интересно, разликата во староста е од неколку векови, до 1.000 години! Исто така се верувало дека големата Сфинга била изградена за време на владеењето на фараонот Кафрен во 25-та година п.н.е. но во 1857 година била откриена Стелата на откровението во Гиза. Преводот на Стелата кажува дека фараонот Кафрен само наредил да се реставрира Сфингата, а не да се изгради нова. Па можеби станува збор за многу постар споменик. На долниот дел од Сфингата има остатоци од ерозија од вода. Но, времето во Египет не било толку врнежливо повеќе од 8.000 години.

3.Трагање по богатство во Троја

(6)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Распространето е верувањето дека градот Троја најверојатно бил сместен на турскиот рид Хисарлик, и бил откриен од археологот Хенрих Шлиман. Но, неговите колеги се сомневале во ова откритие и сметале дека тој бил трагач на богатство. Денес постои мислењето дека Шлиман сам ги промовирал своите откритија – тој пронашол слични древни урнатини и таму закопал злато. Музеите се сомневаат во автентичноста на тоа злато.

4. Нападот на Перл Харбор бил провоциран од САД

(7)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Според една теорија, Франклин Рузвелт сфатил дека единствениот начин да влијае на светската историја е да се замеша во Втората светска војна. Наводно, Рузвелт ја провоцирал Јапонија да нападне предложувајќи ултиматум. Тој знаел за нападот кој го планирале Јапонците бидејќи нивните носачи на воена опрема ја напуштиле базата на денот на нападот.

5. Хронолошко мешање

(8)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Исак Њутн бил првиот кој ги забележал грешките во делото „Хронологија на древното кралство Амендед“ (The Chronology of Ancient Kingdom Amended). На пример, во делото има појаснување за вкупниот број фараони од Египет, но листите со владетели се разликуваат. Жан Франсоа Шамполион го пронашол името на фараонот Шошенк Први во Библијата, и со ова го одбележал почетокот на хронологијата на древен Египет. Ова било почеток на хронологија од 3 века кои воопшто немале врска со Египет.

(9)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Династијата Царолинган е исто така историски фантом. Историчарот Херибер Илиг верува дека првиот признат император, Чарлс Велики, бил измислен лик. Археолозите немаат пронајдено ништо на територијата на денешна Германија што припаѓало на династијата, и покрај бројните спомнувања на нивните замоци во хронологиите.

6. Мајкл Џексон си ја лажирал смртта

(10)10-shokantni-teorii-koi-ja-pokazhuvaat-drugata-strana-na-istorijata-kafepauza.mk

Изгледа дека луѓето кои веруваат во оваа теорија се побројни од луѓето кои ја прифатиле смртта на Мајкл Џексон. Неговата смрт навистина предизвика многу прашања, а не дава доволно факти.

  • Последната фотографија од него е можеби лажна. Бојата на неговата кожа е различна.
  • Личноста која повикала брза помош била премногу мирна, и не го ни спомнала името на Мајкл Џексон.
  • Снимките од безбедносните камери исчезнале заедно со лекарот на Мајкл веднаш по објавувањето на веста.
  • Неколку денови пред смртта, тој изгледал здраво.
  • Неговиот ковчег бил затворен за време на погребот.
  • Бил пронајден неговиот дневник, а на неколку страни пејачот спомнувал за лажирање на смртта.
  • Летото, 2016-та година, неговата ќерка објавила фотографија која го привлекла вниманието на јавноста. Фановите сметаат дека на задното седиште од автомобилот се наоѓал познатиот пејач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Ok

Остави коментар