10 работи кои никогаш не треба да му ги кажете на преведувач

Преведувачите се луѓе со професија. Учеле за да го работат тоа што го работат и заработуваат токму заради нивните вештини поврзани со познавањето на јазиците.

Внимавајте што ќе му кажете на преведувач за да не го навредите. Следниве 10 изјави се смешни, но и го одразуваат она што многумина го мислат за преведувачката работа.

10 работи кои никогаш не треба да му ги кажете на преведувач

1. Имам роднина што учеше во странство еден семестар. Ќе му кажам да ми го преведе текстов.

2. Зошто мора да завршиш факултет за преведувач кога постои Гугл Транслејт?

3. Учев англиски во средно. Сега сакам да најдам работа како преведувач.

4. Зошто имаш толку многу речници? Не ти е доволен еден?

5. Толку многу време ти требаше да го преведеш тоа? Па ич не е голем текстов.

6. Знаеш само три јазици?

7. Што не запишеш арапски?

8. Значи, седиш дома и преведуваш. И, тоа ти е работата?

9. Преведувач си? Значи знаеш и симултано да преведуваш, така?

10. Како е зборов на англиски? Леле мора да знаеш, па преведувач си!

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. ? Reply

    Симултано?!

    • Име Reply

      Симултано = истовремено

Остави коментар