10 приказни од животот на првите дами што докажуваат дека секоја жена има тајни

10 приказни од животот на првите дами што докажуваат дека секоја жена има тајни

Секоја жена има нејзини тајни и слабости. Како и да е, криењето на овие работи станува многу деликатна работа кога цела нација ви го следи секој чекор. Дури и најпознатите први дами имале тајни кои сакале да ги скријат од јавноста.

1. Жаклина Кенеди, САД

(1)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Во времето на претседателските денови на Кенеди, пушењето била многу распространета навика помеѓу жените. Но и покрај тоа, општеството не го оправдувало пушењето. Поради ова, страста на Џеки Кенеди за пушењето била строго чувана тајна. Дури и фотографите кои биле блиски со Белата куќа имале забрана да ја фотографираат додека држела „никотинско стапче“.

2. Принцезата Дијана, Англија

(2)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

До денес, многумина веруваат дека Дијана била совршенство. Само мал процент од луѓето биле свесни дека таа имала многу лошо мислење за нејзиното тело. Дијана страдала од булимија, и оттогаш болеста кај принцезата е позната како „тајна болест“ или „ефектот на Дијана“.

3. Мери Тод Линколн, САД

(3)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Мери Тод потекнувала од богато семејство и не знаела како изгледа животот во сиромаштија. Таа уживала во реновирањето на Белата куќа и сакала да купува луксузна облека. Како резултат на ова, таа не можела да контролира колку троши, и била вклучена во огромен скандал откако истрошила пари кои биле наменети за армијата.

4. Имелда Маркос, Филипини

(4)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Имелда, вдовицата на 10-тиот претседател на Филипините, е уште една прва дама која е позната по своето трошење пари. Таа станала опседната со купувањето откако добила слободен пристап до буџетот на нацијата. Откако претседателот Маркос и неговата сопруга ја напуштиле државата, биле откриени околу 1.000 пара скапи дизајнерски чевли во апартманите на Имелда.

5. Ненси Реган, САД

(5)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Ненси е сопругата на 40-тиот претседател на САД, Роналд Реган. Она што малкумина го знаат е дека Ненси секогаш „се советувала со космосот“ пред да му даде совет на претседателот. Првата дама била фасцинирана од астрологијата и редовно го посетувала нејзиниот личен астролог.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар