10 причини зошто треба да ги обожавате вашите облини!

Жените ширум светот не можат да го поднесат вишокот килограми, па поминуваат часови пред огледалото барајќи недостатоци кај себе. Најголемиот проблем на сите жени е борбата со својот изглед, а кога ќе се создаде килограм или два повеќе, веднаш се појавува нерасположение. Меѓутоа, постојат 10 причини поради кои мора да ги засакате вашите облини и да станете посигурни во себе.

2-zhenite-gi-smetaat-za-najgolem-problem-postojat-10-prichini-zaradi-koi-treba-da-gi-obozhavate-vashite-oblini-www.kafepauza.mk_

1. Не треба да трошите пари за додатоци за градник. А, ниту за додатоци за задникот. Вие имате со што да ја наполните вашата долна облека.

2. Честопати ве споредуваат со Џенифер Лопез, Ким Кардашијан и Бијонсе. Без разлика кое е вашето мислење за нив, не можете да ја одречете нивната физичка привлечност.

3. Голем број жени се мачат целиот свој живот да добијат облини, а вие сте среќници затоа што ги имате природно.

4. Фустаните одлично ви стојат, токму заради вашите облини.

5. Голема е веројатноста дека имате свој единствен стил бидејќи не мора да се мачите околу пронаоѓањето идеална облека и не мора да се одлучувате за разни креативни решенија.

6. Вашите облини на поголем дел од мажите делуваат како дрога – невозможно е да им одолеат.

7. Ако им верувате на истражувањата кои покажале дека жените со големи задници имаат зголемено ниво на омега-3 масни киселини, кои се најважни за развојот на мозокот и мозочните ќелии, тоа значи дека сте поинтелигентни од просекот.

8. Имате добри шанси за долг живот бидејќи истражувањата покажале дека маснотијата во колковите делува превентивно на здравјето на артериите.

9. Вашето тело е како создадено за танцување, особено за занесните латино ритами.

10. Вие сте идеални партнерки за галење. Кој би одолеал на меката кожа на вашиот задник, колкови, стомак и гради?

Бидете горди на вашите облини и одберете некоја од овие сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар