10 причини зошто е здраво да се бакнувате

Бакнувањето претставува наједноставен начин да му покажете некому внимание и да му докажете дека го сакате. Бакнежот претставува универзален јазик кој тотално го разбира секој човек во овој свет. Не сме само психички среќни, возбудени и задоволни додека се бакнуваме со оној кој го љубиме – среќно е и целото наше тело. Голем број медицински истражувања препорачуваат да се бакнувате што е можно почесто, ако сакате да живеете долг и здрав живот. Прочитајте зошто.

10 причини зошто е здраво да се бакнувате

1. Оние луѓе кои го бакнуваат својот партнер за „збогум“ секое утро пред да го напуштат домот, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.

2. Бакнувањето е добро за вашата самодоверба, бидејќи прави да се чувствувате почитувано и ја подобрува вашата душевна состојба.

3. Бакнувањето согорува калории. Ако се бакнувате 1 минута, ќе согорите 2-3 калории, а воедно можете и двојно да го забрзате вашиот метаболизам. Истражувања потврдуваат дека со 3 страсни бакнежи на ден, кои траат најмалку 20 секунди, можете да изгубите 1 кг од вашата телесна тежина. Започнете ја уште денес оваа романтична диета. :)

4. Бакнувањето е „убиец“ на стресот, намалувајќи го нивото на кортизол (хормонот за стрес). Страсното бакнување со вашиот љубен/а ќе ви ја намали тензијата и негативната енергија и ќе ви создаде чувство на благосостојба.

5. Додека се бакнувате, вие движите 30 мускули на лицето, што претставува добра вежба за оние кои сакаат да го намалат обемот на нивните топчести обравчиња. Тензијата која се создава во мускулите предизвикана од еден страстен бакнеж, овозможува измазнување на кожата и подобрување на вашата циркулација.

6. Бакнувањето е добро и за вашето срце. Тоа го покачува нивото на адреналин, што од своја страна предизвикува срцето да пумпа повеќе крв во вашето тело. Научно е докажано дека честото бакнување ја стабилизира кардиоваскуларната активност, го снижува крвниот притисок и го намалува холестеролот.

7. Оние кои почесто се бакнуваат имаат помали шанси да страдаат од проблеми со стомакот, мочниот меур или од разни инфекции.

8. Во текот на бакнувањето, природни антибиотици се излачуваат од вашата плунка. Воедно, плунката содржи и вид анестетик, кој помага во ослободувањето од болка.

9. Бакнувањето ја намалува напнатоста, нервозата и ја запира „вревата“ во вашиот ум. Тоа го покачува нивото на окситоцин, хормон кој прави да се чувствувате мирно и спокојно.

10. Хормоните ендорфини кои се лачат во текот на бакнувањето и кои кога се ослободуваат создаваат чувство на среќа, благосостојба и возбуда, се 200 пати помоќни од морфиумот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. verica Reply

    10. Хормоните ендорфини кои се лачат во текот на бакнувањето и кои кога се ослободуваат создаваат чувство на среќа, благосостојба и возбуда, се 200 пати помоќни од морфиумот. :)

Остави коментар