10 причини зошто читањето книги може да ве направи посреќни

Љубителите на читањето знаат дека кога ќе отворат некоја книга, се случува нешто магично. Во тој момент тие ја напуштаат реалноста. Доколку минувате низ тежок период во животот или едноставно сакате да побегнете од стресното секојдневие, книгите можат да ви го понудат она што ви треба. Но, дали читањето навистина може да ги направи луѓето посреќни?

10 причини зошто читањето книги може да ве направи посреќни

Одговорот е да. Дури и со самото затворање на книгата, веднаш ќе забележите дека се чувствувате посмирени и поподготвени да ги прифатите новите предизвици. Без разлика дали читате за релаксација, мотивација или бегство од реалноста, ова се причините зошто книгите можат да ви го подобрат расположението и да ве направат посреќни…

1. Можете да патувате без физички да заминете

Доколку навистина сакате да отидете на долг одмор, но не сте во можност, читањето е одличен начин да побегнете некаде далеку без да мрднете од каучот.

2. Читањето го намалува стресот

Стресот е еден од главните фактори што придонесуваат за чувството на тага, но читањето може да ви помогне да се ослободите од напнатоста. Ќе успеете да го намалите стресот по само 6 минути читање. А замислете колку прекрасно би се чувствувале доколку читате цели 6 часа или 6 дена по ред!

3. Читањето може да ве доведе до транс

Докажано е дека читањето го доведува мозокот до состојба на транс, слично како медитацијата и ги има истите здравствени придобивки што произлегуваат од релаксацијата и внатрешниот мир. Среќата во голема мера зависи од внатрешниот мир, а тој може да се постигне само со читање некоја одлична книга.

4. Читањето ја подобрува емпатијата

Некои истражувања покажале дека читањето навистина ги прави луѓето поемпатични. Доколку можете да се ставите себеси на туѓо место, тоа значи дека имате големо разбирање за сѐ што се случува околу вас. Таквиот начин на размислување може да го направи светот подобро и посреќно место за живеење.

5. Читањето ви помага да се соочите со реалноста

„Влијанието на научната фантастика, особено на оние дела кои се занимаваат со иднината, е такво што им помага на луѓето да разберат дека нештата се менуваат, но и дека можат да ги преживеат тие промени.“ – Ејлин Ган

Кога ви е тешко да ја прифатите реалноста, книгите навистина можат да ви понудат бегство. Но, тие исто така можат да ви помогнат да го разберете светот и да ги надминете сите потешкотии.

10 причини зошто читањето книги може да ве направи посреќни

6. Не мора да трошите пари за да читате

Благодарение на библиотеките, слободно можете да читате книги бесплатно. Зборовите „бесплатна книга“ навистина будат среќа и радост!

7. Читањето може да ви го подобри сонот

Поради многубројните здравствени придобивки од читањето, книгите навистина можат да ви помогнат подобро да спиете. А што носи поголема среќа од квалитетниот сон?!

8. Ќе запознаете нови пријатели

Колку повеќе книги читате толку повеќе ќе можете да дискутирате на најразлични теми, а тоа значително ќе ви го зголеми кругот на пријатели. Не е никаква тајна дека пријателите носат среќа, што дополнително ќе ве мотивира постојано да читате.

9. Книгите можат да ви ги отворат очите

Љубителите на книгите се многу слободоумни, а слободоумните луѓе се посреќни. Доколку почнете да читате повеќе, ќе станете потолерантни и ќе се ослободите од стегите на општествените предрасуди и стереотипи.

10. Читањето може да ја намали депресијата

Според едно истражување спроведено во Велика Британија, кај љубителите на книгите постојат 21% помалку шанси да страдаат од депресија. Книгите буквално можат да ја зголемат среќата, така што читајте што е можно повеќе!

Во продолжение прочитајте ги следниве неколку цитати од познати писатели кои уште еднаш ја потврдуваат неизмерната моќ на книгите…

„Книгите се посебна магија која можете да ја носите со себе каде и да одите.“ – Стивен Кинг

„Љубителите на книгите живеат илјадници животи пред да умрат, а оние кои не читаат живеат само еден.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

„Доколку не сакате да читате, не сте ја пронашле вистинската книга.“ – Џ. К. Роулинг

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар