10 познати личности на кои им биле украдени делови од мртвите тела

Прочитајте дел од кражбите на делови од мртвите тела на познатите личности…

10 познати личности на кои им биле украдени делови од телото

1. Бенито Мусолини – мозокот

Американската влада го зела неговиот мозок за да го проучува, но и како трофеј. 21 година подоцна, во 1966-тата, ѝ го вратила на неговата вдовица.

2. Св. Никола – коските

Во 1087 година, коските на светецот биле украдени од страна на пирати, на барање на италијанскиот град Бари. Таму сметале дека тие лачат миризлива смола.

3. Ана Болејн – срцето

Се верува дека Хенри VIII ѝ го искорнал срцето на британската кралица. Го чувал скриено во ковчеже, кое било во форма на срце.

4. Галилео Галилеј – прст

За време на есхумацијата на посмртните останки на тосканскиот астроном, филозоф и физичар, еден од неговите фанови успеал да украде прст, кој денеска е изложен во музеј во Фиренца.

5. Џеронимо – черепот

Черепот на индијанецот бил украден од страна на членови на тајно друштво од Универзитетот Јеил. Се претпоставува дека го користеле пред почетокот на некои нивни ритуали.

6. Џереми Бентам – главата

Го украле студенти на универзитет во Лондон, во 1975 година. Барале откуп за него, кој делумно им бил исплатен.

7. Лудвиг ван Бетовен – ушите

Ги украл еден од хирурзите, кој учествувал во аутопсијата на телото на познатиот композитор. Никогаш не биле пронајдени.

8. Че Гевара – коса

Агент на ЦИА украл прамен од косата на познатиот револуционер, веднаш по неговото убиство. Праменот бил долг 7.62 сантиметри. Продаден е на аукција во 2007 година, за 100.000 американски долари.

9. Алберт Ајнштајн – очите

Му биле отстранети за време на аутопсијата од страна на неговиот офталмолог. Тој ги чувал во тегла, на работното биро.

10. Наполеон Бонапарта – пенисот

За време на аутопсијата му бил отсечен пенисот и прошверцуван надвор од островот Св. Елена, каде живеел до смртта. Подоцна некој понудил откуп од 100.000 американски долари.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. 123 Reply

    ненормални луѓе хххх

Остави коментар