10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Гинисовата книга на рекорди постои повеќе од 60 години. Секоја година одобрува околу 6.000 рекорди од 50.000 аплицирања. Па не е ни чудо што некои од овие рекорди ги држат познати личности. Во продолжение погледнете некои од најпознатите личности на планетата кои си го заработиле своето место во оваа книга.

1. Шакира

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Шакира поседува дури 3 сертификати за светски рекорди. Таа го држи рекордот за најпродаван шпански албум, најпродаван шпански сингл, како и рекордот за првата личност која собрала 100 милиони допаѓања на Фејсбук.

2. Хилари Клинтон

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Кога ќе се земе предвид популарноста на претседателските избори во САД, не е ни чудо што Хилари стана најпребарувана жена на Интернет во 2016-та година. За малку ќе станела и најпребарувана личност во САД, но Доналд Трамп ѝ ја зел оваа титула. Претходно титулата ѝ припаѓала на Лејди Гага.

3. Ози Озборн

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Во 2010-та година бил срушен светскиот рекорд за најдолгото и најгласното викање од публика. Во викањето учествувале 52.000 луѓе, а го водел фронтменот на Блек Сабат, Ози Озборн. Тој дури добил и сертификат за ова достигнување.

4. Двејн Џонсон

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Актерот може да се пофали со неколку рекорди, но најинтересен е оној со селфи фотографиите. Џонсон успеал да направи 105 селфи фотографии во само 3 минути. За овој подвиг имало услов – лицето и вратот постојано требало да бидат во фокус, а ова го прави достигнувањето уште поневеројатно.

5. Металика

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Ова е првиот бенд кој имал турнеи на сите 7 континенти. Го постигнале рекордот кога одржале концерт на една база на Антарктикот. Нивниот концерт бил втор на овој континент и имале публика од 7 луѓе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар