10 пасивно-агресивни начини да му кажете на вашето момче дека сте лути (наместо „Ништо не ми е“)

10 пасивно-агресивни начини да му кажете на вашето момче дека сте лути (наместо „Ништо не ми е“)

За време на поголема расправија, најдобриот пример за пасивно-агресивен одговор е кога тој ќе ве праша што ви е или како се чувствувате, а вие ќе му одговорите со: „Ништо не ми е.“ Тоа е генијално – вие ниту велите „Добро сум“, ниту пак, „Бесна сум“. Овој одговор е толку нејасен, што се наоѓа на сивата линија и го тера вашиот партнер да се запраша дали и како треба да се продолжи со разговорот.

10-pasivno-agresivni-nachini-da-mu-kazhete-na-vasheto-momche-deka-ste-luti-namesto-nishto-ne-mi-e-www.kafepauza.mk

Ако сакате да бидете покреативни, следен пат можете да употребите некој друг пасивно-агресивен одговор, а за да ви помогнеме со изборот, секој од овие 10 одговори ги ставивме на ПА (Пасивно Агресивна) скала:

1. „Сеедно“

5 ПА ѕвезди

Класика. Оваа фраза го има соодветното количество амбигвитет, па вие всушност и не кажувате ништо. Да, според говорот на телото и другите знаци, тој можеби би можел да помисли дека навистина немате мислење за тоа што се расправате, но сите знаеме дека спротивното е вистината. Вие имате многу мислења и тој мора да се помачи за да ги извлече од вас.

2. „Сам пресметај си“

3 ПА ѕвезди

Овој одговор не само што ви ги задржува мислите, туку и сугерира дека вашиот сакан е идиот и не може ништо да сфати сам. Добивате поени за креативност тука.

3. „Убаво за тебе“

3,5 ПА ѕвезди

„Убаво за тебе“ всушност значи „Тоа за што зборуваме е позитивно за твојот живот, но негативно за мојот и јас сум лута затоа што не забележуваш колку лошо ми влијае!“ Со овој пасивно-агресивен одговор добивате бонус за храброст!

4. „Не ми е гајле“

4 ПА ѕвезди

Исто како и „Сеедно“, можете многу да постигнете и со „Не ми е гајле“. Но имајте на ум дека овој одговор понекогаш не се сфаќа за пасивно-агресивен, бидејќи повеќето од партнерите знаат дека неговото значење е всушност сосема спротивно.

5. „Многу убаво“

3 ПА ѕвезди

Не, ништо не е убаво. За да го постигнете максималниот ефект со овој одговор, вие мора да го вклучите својот сарказам на најсилно, бидејќи иако има високи оценки за ефект, пониско се рангира на листата за пасивно-агресивни забелешки.

6. „Што и да те прави среќен“

4,5 ПА ѕвезди

Честитки! Ако го користите овој одговор, вие сте го завршиле почетничкиот курс и сте преминале на напреден во областа на пасивната агресија. Ова можеби ќе му звучи како стапица, токму затоа што и е стапица! Вашите зборови можеби кажуваат „Прави го тоа што го сакаш“, но тие всушност значат „Прави го тоа што јас го сакам“.

7. „Мора да ти е убаво“

3 ПА ѕвезди

Овој одговор е одличен бидејќи истовремено вметнува и вина во другата личност, индиректно сугерирајќи му на вашиот партнер дека направил нешто лошо и/или дека има нешто што вие го сакате.

8. „Жал ми е што се чувствуваш така“

5 ПА ѕвезди

Ова е за напредните корисници на пасивната агресија, бидејќи на тој начин ги напаѓате несигурностите на партнерот и користите умствени игри за да си поиграте со него. Проблемот е што не се извинувате за ништо, туку ги изговарате овие зборови за да му дадете до знаење дека се однесува или чувствува различно од вас за тоа што сте го сториле и дека нема да го смените мислењето. Ова е истовремено и пасивно-агресивно, но и подмолно.

9. „Од тебе зависи“

3,5 ПА ѕвезди

Овој одговор ќе му изгледа како тест на вашиот партнер, бидејќи токму тоа и е. Вие активно ја враќате топката на негов терен, додека истовремено ги задржувате вашите вистински чувства што тој треба да ги знае за да одигра правилно. Ќе се чувствува фрустрирано, збунето и исто толку нејасно како и на почетокот на разговорот.

10. „Не се грижи за тоа“ или „Заборави“

3,5 ПА ѕвезди

Ова се одлични начини да му кажете „Ова не е завршено, не се осмелувај да се опуштиш.“ Тие се незаменливи и ќе му создадат огромни количини фрустрација и сомнеж на вашиот партнер.

Одберете го вашиот отров и уживајте во шоуто!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар