10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21-виот век

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21-виот век

Предлозите за брак се многу возбудливи и романтични. Некои момци го сфаќаат овој ритуал многу сериозно и ја користат сета своја креативност, фантазија и смисла за хумор за да ја побараат нивната сакана за жена на најдобриот можен начин. Погледнете ги следниве необични предлози за брак кои ќе ви докажат дека сѐ уште постојат витези во денешно време…

1. Тетовиран предлог за брак

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Вини Капалдо-Смит ја замолил девојка му Брук Водарк да му ја истетовира ногата. Кога почнала да работи, таа видела фотографија со натписот „Ќе се омажиш ли за мене?“ и 2 можни одговора. За среќа, Брук со задоволство го пополнила квадратчето за „Да“.

2. Запросување со кит

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Еден маж од Чикаго имал необичен асистент за неговиот предлог за брак. Станува збор за бел кит од локалниот аквариум кој носел кутија со порака што гласела „Ќе се омажиш ли за мене?“ Сѐ што требал понатаму да направи е да ѝ го даде прстенот на саканата и да го чуе радосното „Да“.

3. Запросување со сладолед

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Лук Манстертајгер нарачал посебен сладолед за девојка му Елси со цел да ја побара за жена. На кутијата имало емотикончиња што Лук и Елси често си ги испраќале и го содржеле натписот „Ќе се омажиш ли за мене?“ Подоцна, таа „случајно“ нашла изненадување за неа во супермаркетот.

4. Предлог за брак инспириран од „Хари Потер“

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Еден маж решил да го искористи „Хари Потер“ како инспирација за да ја побара девојка му за жена, која многу ги обожувала книгите и филмовите за малиот волшебник.

„Откако ја извади маската, ме побара за жена, кажав ’Да’ и почнав да плачам“, изјавила таа.

5. Книжевен предлог за брак

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Американецот Пол Филипс нарачал илустрирана книга за неговата љубовна приказна со девојка му Ерика Рамос. Тој го сокрил изненадувањето во блиската библиотека каде што ја одвел неговата идна невеста. Откако изненадената Ерика ги разгледала илустрациите, со задоволство кажала „Да“.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар