10 одвратни работи кои не знаевте дека ги јадете

Освен ако не ги читате состојките на вашата храна многу внимателно, големи се шансите да не знаете што всушност консумирате секој ден. Природните прехранбени производи како овошјето и зеленчукот ретко имаат „изненадувања“ во нив, но преработената храна може да содржи секакви работи. Сигурно сте свесни дека оваа храна е полна со хемикалии, но понекогаш содржи и работи кои се навистина грозни.

1. Секрети од анална жлезда на дабар

(1)10-odvratni-raboti-koi-ne-znaevte-deka-gi-jadete-kafepauza.mk

Ова е најгрозното нешто на листата. Адитивот познат како кастореум често може да се најде во гумите за џвакање, слатките, алкохолот, сладоледот, месните производи и тортите. Овој адитив се наоѓа кај аналните жлезди на женските дабари кои го користат за обележување територија и привлекување мажјаци. На производите најчесто е наведен како „природен вкус“.

2. Коса

(2)10-odvratni-raboti-koi-ne-znaevte-deka-gi-jadete-kafepauza.mk

Секој има слушнато приказни за луѓе кои нашле влакно во храната од ресторан, но овде станува збор за нешто друго. Л-цистеин е аминокиселина која се наоѓа во косата, но и во влакната на свињите и пердувите на патките. Можеби не сакате да ги јадете овие работи, но оваа аминокиселина се користи за подобрување на вкусот на десертите, па дури и на пицата. Толку е чест што е речиси невозможно да го избегнете, но сигурно ќе се замислите следниот пат кога ќе јадете крофна.

3. Дрво

(3)10-odvratni-raboti-koi-ne-znaevte-deka-gi-jadete-kafepauza.mk

Иако дрвјата се растенија кои ги гледаме секој ден, сигурно не сте ни помислиле да изедете некое. Но, целулозата се користи во храната со цел да ги намали мастите во производите како леб. А целулозата се добива од дрвја.

4. Антифриз

(4)10-odvratni-raboti-koi-ne-znaevte-deka-gi-jadete-kafepauza.mk

Антифризот е одличен за вашиот автомобил, но сигурно не би сакале да го јадете. Сепак тој се користи во слатките, а понекогаш се користи и за да го спречи згрутчувањето на мастите. Оваа состојка е позната како пропилен гликол, а се користи и за подобрување на вкусот кај замрзнатите десерти и печивата. Ако јадете нешто што ја содржи оваа состојката, немојте да му давате и на вашето милениче бидејќи е отровна за некои животни.

5. Катран или масло

(5)10-odvratni-raboti-koi-ne-znaevte-deka-gi-jadete-kafepauza.mk

Катранот веќе не се користи толку многу како боја за храна, бидејќи како алтернатива се користи масло. Наводно, секоја вештачко обоена храна го содржи ова масло кое се добива од сировите материјали кои се наоѓаат во нафтата. Па ако јадете крекери, нудли, брза храна или замрзната риба, големи се шансите да внесувате и од оваа состојка.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар