10 од најпознатите приказни кои се инспирирани од ужасни вистински настани - Part 2

10 од најпознатите приказни кои се инспирирани од ужасни вистински настани

6. „Сјаење“ (The Shining)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Стивен Кинг ја добил идејата за познатата книга од кошмар што го имал додека отседнувал во хотелот Стенли во Колорадо. Ја искористил градбата како инспирација за местото на кое се случува приказната за писателот кој полека полудува. Хотелот ја прифатил поврзаноста со приказната, па сега им нуди на гостите „Авантура со духови“, а има и хорор музеј.

7. „Грдото пајче“ (The Ugly Duckling)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Приказната на Ханс Кристијан Андерсен е бајка за несреќна мала птица која е малтретирана и исмејувања од другите, сè додека не се претвори во прекрасен лебед. Метафората во приказната е јасна и им кажува на читателите за докажување на спротивното на оние кои се сомневаат во нив. Со текот на времето станало јасно дека приказната е многу поврзана со детството на самиот автор. Роден во сиромашно семејство, Ханс изгледал чудно, имал голем нос и огромни стапала и бил малтретиран поради неговата љубов кон пеењето и театарот. Кога им го привлекол вниманието на луѓето кои го забележале неговиот талент, тој „расцутил“ благодарение на едукацијата и негувањето на неговите таленти. Значи, самиот Ханс бил грдото пајче.

8. Погребални обреди (Burial Rites)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Приказната на Хана Кент предизвика многу дискусии откако беше издадена во 2013-та година. По добивањето неколку награди, книгата доби и филм, со Џенифер Лоренс во главна улога. Новелата е сместена во 1800-тите во Исланд и се фокусира на судењето на млада жена обвинета за убиство и очекувањето за нејзината егзекуција.

Книгата е заснована на вистински настан, каде што жена по име Агнес била обезглавена за бруталното убиство на двајца мажи. Кент била фасцинирана од тоа што би ја натерало една млада и навидум нормална жена да направи нешто такво. Книгата ги истражува можните околности од инцидентот и на некој начин ѝ дава можност на Агнес да ја раскаже нејзината верзија од гробот.

9. „Гремлини“ (Gremlins)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Првата приказна на Роалд Дал, „Гремлини“ потекнува од неговото искуство како пилот за Кралската воздушна сила. Не само што неговото искуство му помогнало да создаде одредени елементи во книгата, туку и самата книга била пишувана додека траела Втората светска војна. Интересно е што нешто што им донело радост на многу читатели, било напишано за време на толку страдање.

10. „Светот не е фабрика за исполнување желби“ (The Fault in Our Stars)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Книгата на Џон Грин на некој начин стана глобален феномен и продаде милиони копии, па дури и доби свој филм. Срцепарателната приказна допре многу луѓе, а наводно причината е што е направена според вистински настан. На овој начин публиката полесно се поврзала со ликовите. Имено, Грин бил инспириран да ја напише книгата додека работел во болница за деца. Книгата е посветена и на сеќавањето на неговата пријателка Естер Ерл, која го изгубила животот поради рак на 16-годишна возраст. Бидејќи Грин од прва рака сведочел на болката и фрустрацијата кои доаѓаат со суровата болест, не е ни изненадувачки што одлично опишал колку ужасен може да биде ракот.

Прочитајте и за најстрашните книги на сите времиња кои се напишани според вистински настани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар