10 нови прашања кои кружат околу најголемите мистерии на Лондон - Part 2

10 нови прашања кои кружат околу најголемите мистерии на Лондон

6. Дали духот на Винстон Черчил навистина бил забележан во метрото на Лондон?

(6)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Тврдења за тоа дека духот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил „лебди“ во метрото на Лондон, постојат уште од 1980-тите. Но, неодамнешната фотографија само уште повеќе го разгори ова тврдење. Во 2016 година, еден турист од Велс направил фотографија од чудна фигура која стоела зад него во метрото. Многу луѓе сметаат дека на фотографијата навистина се наоѓа Черчил.

7. Дали навистина има вампир на гробиштата Хајгејт?

(7)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Вампирот од Хајгејт ги плаши жителите на северен Лондон уште од 1970-тите. Сведоците тврдат дека виделе човек кој лебди и кој носи викторијанска облека. Дејвид Фарант бил првиот кој наводно го забележал вампирот, во 1969 година. Она што е чудно е дека следната година било откриено тело на една жена, но без глава.

Во 2016 година, еден човек тврдел дека го видел вампирот како поминува низ затворената порта. Тој рекол дека „вампирот“ бил 183 сантиметри висок и носел долго црно палто и цилиндар. Некои легенди тврдат дека вампирот бил благородник кој практикувал црна магија во Романија. Неговото тело било донесено во Англија во 18-тиот век, и неговиот дух би разбуден од сатанистите кои ги посетувале гробиштата.

8. Што навистина се случило со Лордот Лукан?

(8)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Во 1970-тите, мистеријата за исчезнувањето на Лорд Лукан, како и смртта на наводно неговата жртва, биле големи новости на улиците на Лондон. Откако бил обвинет за убиството на дадилката на неговите деца, како и за напаѓање на неговата сопруга, Лорд Лукан исчезнал, и оттогаш никој не знае каде е.

Авторот Питер Џејмс тврди дека пријателите на Лукан му помогнале да избега во Швајцарија. Но, кога тој се обидел да стапи во контакт со неговите деца, групата пријатели се исплашила и го убила. Се верува дека неговото тело било закопано во Швајцарија.

9. Кои биле последните зборови на Ана Болејн?

(9)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Ана Болејн, втората сопруга на Хенри Трети и мајката на кралицата Елизабета Прва, била обезглавена на лондонската кула поради предавство, неверство и инцест, во 1536 година. Низ годините се појавиле многу верзии на нејзините последни зборови.

Некои тврдат дека таа кажала: „Јас не дојдов овде да проповедам, јас дојдов овде за да умрам.“ Други тврдат дека ги одбивала обвинувањата и дека рекла: „За сè што ме обвинивте е грешка, и причината за мојата смрт е Џејн Сејмор.“ Други пак сметаат дека рекла: „Да не ви е жал што ме гледате дека умирам вака.“ Некои сведоци на погубувањето дури рекле дека нејзините усни мрдале неколку секунди откако ѝ била пресечена главата.

10. Кој бил Џек Соблекувачот?

(10)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Често нарекуван и „најпознатиот убиец за кој немате слушнато“, се смета дека Џек Соблекувачот убил неколку проститутки во текот на неговиот живот. Телата на неговите жртви биле пронајдени голи и задавени, а забите им биле извадени. Речиси 120.000 луѓе биле испрашувани и имало 26 осомничени, но идентитетот на убиецот останува мистерија.

Погледнете ги и овие 9 нерешени мистерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар