10 нови прашања кои кружат околу најголемите мистерии на Лондон

10 нови прашања кои кружат околу најголемите мистерии на Лондон

Лондон со векови изобилува со мистерии. Од сериски убијци, до мистериозни исчезнувања и духови, некои од најпознатите енигми во Лондон и до ден денес се главна тема на разговор. Благодарение на напредокот на технологијата и науката, многу од овие мистерии се решени. Но, како што се откриваат нови детали настануваат и нови прашања…

1. Што ја предизвикало црната чума?

(1)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Во 1660-тите години црната чума во Лондон убила речиси четвртина од населението, и тоа за само 18 месеци. Со векови експертите сметале дека стаорците биле виновни за епидемијата, но неодамнешни истражувања покажале дека ова не е точно. Во 2016 година, научници од Археолошкиот музеј во Лондон испитале околу 3.300 скелети кои биле откриени во близина на улицата Ливерпул. Тие откриле дека ДНК од бактеријата позната како „Yersinia pestis“ била присутна во 42 од скелетите.

Се очекуваат повеќе анализи и испитувања кои ќе покажат како и зошто се распространила ова бактерија. Истражувачите веќе имаат доволно познавање за да ја отфрлат теоријата дека големиот пожар во Лондон бил предизвикан со цел да се спречи епидемијата. Мнозинството луѓе кои биле заразени живееле во предградијата на Лондон кога избувнал пожарот, па тој сигурно не бил предизвикан за „чистење“ на болеста.

2. Дали Волтер Сикрет навистина бил Џек Мевосек?

(2)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Ниту една мистерија не е позната колку онаа за Џек Мевосек, серискиот убиец што ги плашел жителите на источен Лондон во доцните 1800-ти. Всушност, убиецот станал толку познат што денес има и сопствен музеј. Германскиот уметник, Волтер Сикрет, бил обвинет дека е Џек Мевосек уште во 1970-тите. Патрисија Корнвел била цврсто убедена дека тој е убиецот, па дури напишала и две книги во кои го искажува тоа. Таа тврди дека потрошила повеќе од 7 милиони долари обидувајќи се да го реши случајот.

3. Дали навистина има чудовиште во Темза?

Сите ја знаеме Неси, чудовиштето од Лох Нес. Но дали и Лондон има такво чудовиште кое демне од Темза? Во 2016 еден турист забележал нешто чудно во реката. Тој решил да го снима, и на видеото можете да забележите мистериозна црна маса како се појавува под површината.

Биолозите немаат објаснување за ова суштество, иако некои сметаат дека станува збор за кит. Низ годините повеќе од 2.000 фоки и 450 мали китови биле забележани како пливаат во реката. Но, биолозите изјавиле дека не знаат за толку големо суштество кое плови низ реката.

4. Зошто кај Свети Панкрас бил закопан еден морж?

(4)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Научниците биле шокирани кога во 2003 година откриле остатоци од морж, долг 4 метри, под црквата Свети Панкрас. Коските на моржот биле во ковчег заедно со коски од луѓе и 3 черепи. Се смета дека биле закопани помеѓу 1822 и 1854 година.

Истражувачите дошле до заклучок дека остатоците биле користени за учење медицина од некое од 40-те училишта за анатомија кои биле отворени во 19-тиот век. Оваа теорија ја подржуваат знаците на дисекција кои се забележани на коските. Сепак, никој не може да каже како моржот стигнал до Лондон.

5. Дали Ричард Трети бил грешно осуден за убиството на принцовите во кулата?

(5)10-novi-prashanja-koi-kruzhat-okolu-najgolemite-misterii-vo-london-kafepauza.mk

Ова е тема на разговор во делата на Шекспир, па дури и во една сезона од Игра на Тронови, но дали Ричард Трети навистина ги убил своите внуци за да си го обезбеди местото на тронот? Експертите сметаат дека не е така. Исчезнувањето на принцовите Едвард и Ричард ги мачи историчарите со векови.

Во 1674 година во Лондонската кула биле откриени два скелета и многумина биле убедени дека станува збор за остатоци од принцовите. Откако се открило и телото на Ричард Трети, биле направени тестови со кои се утврдило дека помеѓу пронајдените скелети нема никаква генетска поврзаност.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар