10 неверојатни случајности

Некои веруваат во судбина сметајќи дека сè се случува со причина, а други тврдат дека постојат случајности. Во која група и да припаѓате, следниве примери ќе ви изгледаат премногу чудно за да бидат било судбина, било случајност.

Марк Твен

Марк Твен е роден во 1835 година, кога Халеевата комета поминала покрај Земјата. Во 1909 година рекол:

„Дојдов на овој свет со Халеевата комета во 1835 година. Таа се враќа следната година, па очекувам и да си заминам со неа. Ако не заминам со Халеевата комета, тоа би било најголемото разочарување во мојот живот.“

Починал на 21 април 1910 година од срцев удар, само еден ден по најблиската средба меѓу Земјата и Халеевата комета.

10 неверојатни случајности

Авантурите на Гордон Пим

„Авантурите на Гордон Пим“ од Едгар Алан По е приказна за еден млад авантурист кој заминал на патување со брод. Бродот потонал, но тој бил еден од неколкумината преживеани кои останале на сред море без храна. За да не умрат од глад, одлучиле да влечат сламка за да решат кого да изедат, а несреќникот бил морнарот Ричард Паркер. Неверојатната случајност се случила 46 години подоцна, кога преживеаните од несреќата на бродот Мињоне биле во идентична ситуација, па кога влечеле сламка за да одлучат кој ќе им послужи како ручек, изборот паднал на морнар со име Ричард Паркер.

10 неверојатни случајности

Потонувањето на Титаник

Морган Робертсон е американски писател кој во 1898 година ја издал просечната новела „Залудност или потонувањето на Титан“. Измислената приказна се однесувала на дотогаш најцврстиот и најголем брод, кој во месец април за првпат тргнал да плови од Европа кон САД. Во текот на патувањето низ северниот Атлантик удрил во санта мраз, при што загинале сите поради недостиг на чамци за спасување. Само 14 години подоцна, во 1912 година, во вистинскиот живот бродот Титаник тргнал од Англија кон САД. Во една априлска ноќ удрил во санта мраз и потонал. Немало доволно чамци за спасување, па повеќето патници се удавиле. Покрај оваа, помеѓу измислениот Титан и вистинскиот Титаник, има и многу сличности во карактеристиките и конструкцијата.

10 неверојатни случајности

Лотаријата на Орегон

Локалниот весник Колумбијан секоја недела ги објавувал броевите извлечени на Орегонската лотарија, а на 28 јуни 2000 година тоа успеале да го сторат една недела порано. Тие по грешка ги објавиле броевите кои биле извлечени таа недела во Западна Вирџинија, но само една недела подоцна истите броеви биле извлечени и во Орегон.

10 неверојатни случајности

Мејџор Самерфорд

За време на Првата светска војна британскиот офицер Мјеџор Самерфорд бил погоден од гром, поради што морал да се повлече од армијата. Се преселил во Ванкувер да живее мирен живот, но небото никако не сакало да го остави на мира. Додека рибарел седејќи под едно дрво повторно бил жртва на гром, што било причина за парализа на десната страна од телото. Некако успеал да се опорави, но наскоро шетајќи во парк бил погоден од уште еден гром, по што му целото тело му останало парализирано. Починал две години подоцна, кога, верувале или не, гром удрил во неговиот гроб и ја уништил надгробната плоча.

10 неверојатни случајности

Проклетството на бродот Мермејд

Слично како и офицерот Самерфорд, проклетството не сакало да ги остави на мира ниту преживеаните од бродоломот на бродот Мермејд. Тој потонал во близина на некое островче близу до Австралија, кое станало прибежиште на малкуте преживеани. По неколку дена тие биле спасени од бродот Свифтфајр, кој наскоро ја загубил битката со силните струи. По само осум часа наишол товарниот брод Говернор Реди. Ги натоварил сите 32 несреќници од двата брода помеѓу товарот од дрва, но откако бил зафатен од пожар, сите повторно морале да скокаат во водата. За среќа, набрзо дошол бродот Комет и безбедно ги вратил во Сиднеј. Сепак, „ѓаволот“ не слегол од Комет. Тој потонал пет дена подоцна, а екипажот бил спасен од бродот Јупитер кој, неверојатно но вистинито, потонал само 12 часа подоцна. Тие биле извлечени од водата од страна на луѓето од бродот Градот Лидс, по што несреќите конечно престанале.

10 неверојатни случајности

Кралот Умберто I од Италија

Италијанскиот крал Умберто владеел со земјата во последните 23 години од деветнаесеттиот век. На 29 јули 1900 година вечерал во еден ресторан во Монца, а кога се запознал со сопственикот сфатил дека и тој се вика Умберто, а дури и нивните сопруги имале исти имиња. За да биде случајноста уште поголема, следниот ден кралот бил застрелан од анархистите, а истиот ден бил убиен и сопственикот на ресторанот.

10 неверојатни случајности

Ернан Кортес и календарот на Маите

Помеѓу бројните пророштва во календарот на Маите има и едно кое вели дека „еден ден ќе дојде бледолик човек пратен од богот Кецалкоатл кој ќе им помогне да си ја повратат власта над градот Теночтитлан“. Случајно, во 1519 година, токму на време кај нив пристигнал конквистадорот Ернан Кортес, кој совршено одговарал на описот. Веднаш добил статус на бог и домородното население му понудило помош во освојувањето на денешно Мексико во надеж дека пророштвото ќе се оствари и повторно ќе живеат богато и во мир. Се разбира, Кортес со сето срце ја прифатил помошта, но за да го опустоши цело Мексико. Откако ограбил сè што можело да се ограби, се вратил назад во Европа. За жал, Маите премногу доцна сфатиле дека тој не бил нивниот човек пратен од бога.

10 неверојатни случајности

Почетокот и крајот на Граѓанската војна во САД

Вилмер Меклин си живеел мирен селски живот сè додека не избувнала Граѓанската војна во САД и тоа токму пред прагот на неговата куќа. Тој живеел на сред пат помеѓу Вашингтон, главниот град на северот и Ричмонд, главниот град на југот. Неговата куќа во тоа време послужила како база на оние од југот, па таму официјално започнала војната со битката на Бул Ран. Не можејќи да ги поднесе редовните пукотници во близина на неговиот дом, Меклин се преселил во друго село во Вирџинија. Чудно, но вистинито, четири години подоцна во неговата нова куќа војната завршила, откако токму таму се предал генералот Роберт Ли. За оваа неверојатна случајност Вилмер МекЛин еднаш рекол:Војната почна во мојот двор, а заврши во мојата дневна соба“.

10 неверојатни случајности

Ентони Хопкинс и Девојката од Петровка

Воодушевен дека ја добил главната улога во филм базиран на книгата „Девојката од Петровка“ од Џорџ Фајфер, холивудскиот актер Ентони Хопкинс веднаш се упатил кон лондонските книжарници за да набави еден примерок за себе. Иако „се убил“ од барање, тоа завршило неуспешно. Кога отишол на железничката станица за да фати воз накај дома, на една клупа ја забележал токму оваа книга, која претходно некој ја заборавил. За време на снимањето, авторот Џорџ Фајфер се сретнал со него и разочарано му рекол дека не поседува ниту еден примерок од своето дело, затоа што единствениот кој го имал го позајмил на некој пријател кој ја загубил во Лондон. Ја добил назад затоа што, верувале или не, тоа била токму книгата што ја нашол Хопкинс.

10 неверојатни случајности

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Tamara Reply

    interesno 😀

  2. Demonic Reply

    Починал две години подоцна, кога, верувале или не, гром удрил во неговиот гроб и ја уништил надгробната плоча.

    What?

    • smile Reply

      pocinal posle 2godini, i posle toa udril grom vo negoviot grob… :)))

    • I Reply

      My brain hurts 😀

  3. Ema Reply

    hahahahaha ahhhhhaahahaaa hahahaaa ahhaha otishle so prikaznive malce 😀

Остави коментар