10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот - Part 2

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

6. „100 години“ (100 Years) е филм чија премиера ќе биде во ноември, 2115-та година

Филмот што веројатно никогаш нема да го изгледате е направен од Роберт Родригез и Џон Малкович со поддршка од производителите на елитниот коњак Луј XIII. На почетокот на филмот, главните ликови наоѓаат шише коњак. Филмот е затворен со силно обезбеден сеф којшто ќе се отвори за 100 години (времето потребно за коњакот да достигне старост). Поканите за премиерата (направени од метал) им се испратени на 1.000 од највлијателните луѓе на Земјата, а тие треба да им ги дадат на нивните потомци. Ние, обичните луѓе, можеме да го изгледаме само трејлерот.

7. Првата вселенска станица Асгардија прифаќа апликации за идно државјанство

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

Ова е првата држава што ќе биде лоцирана во орбитата на Земјата и има свое знаме, грб, устав и претседател. Претседателот ќе биде рускиот научник и бизнисмен Игор Ашурбејли. Исто така познато е дека проектот е целосно финансиран и веќе се работи на него. Ако сакате да аплицирате, можете да го направите тоа овде.

8. Постои причина зошто најдобрите идеи ги добиваме под туш

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

Според психологот од Харвард, Шели Х. Карсон, туширањето и бањањето се одлична идеја ако ви е потребен покреативен пристап кон некој проблем. Кога сте релаксирани, како под туш или во кадата, мозокот започнува таканаречен период на инкубација. Во оваа состојба донесуваме важни одлуки, размислуваме за идеи и доаѓаме до креативни решенија.

9. Постои „златна крв“ и ја имаат само 43 луѓе во светот

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

Оваа крвна група е наречена „златна крв“ поради неверојатната реткост. Златната крв можат да ја примаат сите луѓе без разлика на нивната крвна група. Денес постојат само 43 живи луѓе со оваа крвна група. Дали можеби ова е нов чекор кон човечката еволуција?

10. Во Англија постои градина со отровни и опасни растенија која е отворена за јавноста

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

Во дворот на замокот Алнвик во Англија се наоѓа огромна градина која постои над 300 години. Во 2005-та година, војвотката Џејн Перси додала уште една убава градина со необични и опасни растенија. Зад огромните порти се наоѓаат над 100 отровни, наркотични и забранети растенија од целиот свет. Денес ова е едно од најпосетуваните места во државата, а сите туристи се внимателно надгледувани за нивна безбедност.

Прочитајте ги и овие научни факти што ќе ве остават зачудени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар