10 нешта со кои се борат само девојките со големи бутови

Сите жени имаат различна форма и големина. Дел од нив се високи, дел ниски. Некои носат градници со Д корпи, некои со А. И секако некои од нив имаат мали бутови, но некои големи. Доколку и вие сте една од оние жени кои имаат широки бутови, можеби поради сите оние години кои сте ги поминале во танцување и други активности за засилување на нозете или пак, сте ги наследиле преку гените, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве неколку проблеми кои другите жени едноставно не ги разбираат.

10 нешта со кои се борат само девојките со големи бутови

1. Вашите пантолони секогаш паѓаат надолу, па токму затоа ги мразите. Вие мора да купите големина која одговара на вашите бутови, но тоа најчесто значи и дека ќе ви бидат широки на сите други места. Токму затоа постојано ви паѓаат и вие мора постојано да ги подигнувате. Дури ни каиш не може да ве спаси!

2. Комбинезон? Не. Тие очигледно се само за високи луѓе со слаби нозе.

3. Самата помисла на носење кратки пантолони ви е застрашувачка. Доколку сакате да најдете кратки панталончиња кои соодветно ќе одговараат на вашите бутови без притоа да ви ја сопрат циркулацијата на крвта во нозете мора да купите барем еден број поголеми, кои потоа ќе ви бидат широки во делот кај колковите. Среќа што постојат хеланки со висок струк, па можете да ги комбинирате нив.

4. Вие никогаш не сте имале простор помеѓу нозете кај бутовите, па токму затоа тие постојано се во допир и се тријат кога се движите. Доколку носите кратки пантолони или кратко здолниште за време на летото од триењето вашата кожа е постојано иритирана и нафрлана.

5. Поради истиот проблем со триењето, вие едноставно не можете слободно да трчате.

6. Често пати забележувате дека ги споредувате вашите бутови со бутовите на спротивниот пол. И кога ќе пронајдете маж кој има помали бутови од вашите (што често се случува) вие веднаш почнувате да се нервирате.

7. Дури и покрај тоа што вашето тело е во одлична форма, вие се срамите да ги покажете вашите бутови во бикини. Но, тоа и не е најголемиот проблем. Вие едноставно не можете да најдете долен дел од костум за капење кој совршено ви одговара на телото.

8. Без разлика колку филтри на Инстаграм користите, вашите нозе никогаш нема да изгледаат пропорционално на останатиот дел од телото.

9. Вкрстувањето нозе ви изгледа како невозможна мисија. Колку се поголеми бутовите, толку е потешко да ги вкрстите нозете. Дури и да можете, големи се шансите дека подолгото седење во таа позиција ќе ви биде страшно неудобно. Но, најголемиот проблем е кога треба да ги вкрстите нозете покрај површина (на пример, маса) која е близу до вашите нозе.

10. Вие постојано чекате големите бутови да го добијат своето место на листата за модерни нешта. Големите задници имаа свој момент, исто како и големите гради. Дури и големите раце беа во мода едно време, но што се случува со големите бутови? Кога тие ќе ги добијат своите 5 минути?

Без разлика на тоа како вашето тело изгледа, вие треба да го прифатите со сите свои позитивни и негативни страни. Дури и да имате големи бутови, не треба да се срамите од нив туку да бидете горди!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар