10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје - Part 2

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

6. Чудни закони

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Сите знаеме дека има многу чудни закони ширум светот, а законите за оружје не се исклучок. Првиот чуден закон потекнува од Аризона. Во Аризона е легално да поседувате огнено оружје, но не и нунчаки. Друг чуден закон потекнува од Кенесо, Џорџија. Според законот, секое домаќинство во градот мора да поседува огнено оружје. Постојат неколку исклучоци за правилото, како на пример неможноста да си дозволите оружје или неможноста да го поседувате од религиски причини.

7. Најголемото огнено оружје

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Огненото оружје доаѓа во сите форми и големини. Постојат мали пиштоли кои можете да ги ставите во џеб, а постои и оружје кое се монтира на воени бродови. Но постои само едно огнено оружје кое може да се нарече најголемо, односно оружје со најголем калибар во историјата на артилеријата. Оружјето било наречено Шверер Густав и било изградено од нацистите во Втората светска војна. Оваа масивна направа била движена и користена од шини, а тежела 1.350 тони. Иако изгледа непрактично, ова оружје било многу функционално. Всушност, погодувало мета на растојание од 39 километри.

8. Пиштол клуч

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Ова оружје е навистина неверојатно. Во 1850-тите, чуварите во затворите носеле посебно оружје кое било во форма на клуч. Овие клучеви биле функционални и со нив се заклучувале ќелиите. Овие пиштоли имале само еден куршум, но во опасни ситуации биле навистина корисни. Очигледно, чуварите имале и друго оружје на нив, но ги носеле и клучевите за секој случај. Евентуално биле тргнати од употреба бидејќи се појавиле многу попрактични и покорисни видови оружје. Сепак, ова е најуникатното огнено оружје што е измислено до денес.

9. Претседатели и оружје

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Претседателите на САД не само што поседувале, туку и умирале од огнено оружје. Џејмс Гарфилд, 20-тиот претседател на САД бил убиен со пиштол. Неговиот убиец направил нешто навистина чудно кога го одбирал оружјето – купил оружје кое би изгледало добро во музеј. На крај оружјето навистина завршило во музеј.

Претседателот Ендру Џексон речиси бил убиен од маж кој понел 2 пиштоли за таа намена. Убиецот Ричард Лорен се обидел да истрела од едниот пиштол, но неуспешно. Тогаш Џексон почнал да го удира со неговиот бастун. Ричард се обидел да истрела и од вториот пиштол, но и тој обид бил без успех.

10. Оружје за убивање зомбиња

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Овој сет пушки е создаден во 2012-та година. Компанијата за огнено оружје Mossberg создала колекција огнено оружје специјализирана за убивање зомбиња. Во главно нема голема разлика помеѓу ова и останатото огнено оружје. Различен е само изгледот и ознаката ZMB. Исто така, некои од промените се покажале како непрактични. Иако можеби нема да го употребиме ова оружје за убивање зомбиња, сепак изгледа навистина убаво.

Погледнете ги и женските оружја кои ќе ви помогнат да се одбраните при ненадеен напад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар