10 нерешени мистерии од древен Египет - Part 2

10 нерешени мистерии од древен Египет

6. Мумијата обвиткана во странска книга

10 нерешени мистерии од древен Египет

Во 1848-ма година еден човек купил древна египетска мумија од чевлар во Александрија. Со години мумијата му стоела како декорација без да знае за колку вреден артефакт станува збор. Неколку децении подоцна, откако научниците ги тргнале завоите, тие откриле нешто навистина чудно. Мумијата била обвиткана со ленени страници од книга која не била напишана на египетски. Биле потребни години за да се открие јазикот и денес знаеме дека е етрурски, јазикот на древната цивилизација која живеела на територија на денешна Италија.

Текстот пронајден на мумијата е можеби најдолгиот на овој јазик. Сепак, има многу неодговорени прашања. Не е познато што пишува во текстот. Преведени се само неколку збора кои наводно се дати и имиња на богови.

7. Светилката од Дендера

10 нерешени мистерии од древен Египет

На ѕидот на храм во Дендера, Египет има навистина чудна слика. На неа е прикажана змија во огромна огнена топка која излегува од лотус. Змијата ја држи столб со човечки раце. Сликата е навистина необична, но не само поради столбот со раце. Сликата изгледа исто како модел на Круков канал, модел на сијалица измислен во 19-тиот век. Некои луѓе дури веруваат дека сликата е дијаграм кој покажува како да ја направите сијалицата.

Иако оваа теорија е налудничава, има навистина убедливи аргументи. Собата во која се наоѓа светилката е единствената без огнени ламби. Археолозите пронашле остатоци кои покажуваат дека Египќаните гореле ламби во сите простории освен во оваа. Па ако немале рана верзија на сијалица, како воопшто гледале нешто во просторијата?

8. Уништената пирамида

10 нерешени мистерии од древен Египет

Пирамидата на Џедефре би била највисока во Египет. Тој немал ресурси да ја изгради најголемата пирамида, но се потрудил нејзиниот врв да биде највисок – ја изградил на рид. Поради некоја причина, иако пирамидите во Египет се во речиси совршена состојба илјадници години, пирамидата на Џедефре е целосно уништена. Сè што е останато од неа е нејзината основа.

Никој не знае што се случило, но постојат неколку теории. Некои сметаат дека фараонот умрел пред да ја заврши изградбата. Други сметаат дека Римјаните ја срушиле за камењата пред 2.000 години. Други пак мислат дека Египќаните толку многу го мразеле фараонот, што тие ја срушиле пирамидата.

9. Исчезнувањето на кралицата Нефертити

10 нерешени мистерии од древен Египет

Нефертити е легендарна бидејќи е една од малкуте жени кои владееле со Египет. Таа била сопруга на фараонот Акенатен и најверојатно мајка на Тутанкамон. Се верува дека го освоила Египет и владеела по свои правила. Сепак, никој го нема најдено нејзиниот гроб.

Потрагата по гробот трае со години. До 2018-та година, археолозите беа речиси убедени дека ќе ги најдат нејзините останки во скриена просторија во гробницата на Тутанкамон. Но, овој месец скенирањата покажаа дека таква соба воопшто не постои.

Друга мистерија е тоа што нема никакво спомнување за нејзината смрт. По 12-тата година од владеењето на нејзиниот сопруг, секој запис за неа завршува. Некои веруваат дека причината е тоа што станала фараон и си го променила името, но не сите се согласуваат. Доктор Џојс Тидсли смета дека објаснувањето е едноставно – Нефертити воопшто не била фараон. Таа се прославила во 1920-тите поради скулптурата од нејзиното лице. Не знаеме што се случило со неа бидејќи не била важна личност.

10. Изгубената земја Пунт

10 нерешени мистерии од древен Египет

Во записите од древен Египет многупати се спомнува место наречено Пунт. Тоа било древно африканско кралство полно со злато, слонови коски и егзотични животни кои постоеле во фантазијата на Египќаните. Тие дури го нарекувале местото „Божја земја“.

Без сомнение, оваа земја постоела. Постојат безброј спомнувања во древните текстови, па дури и слики од кралицата на Пунт. Сепак, без разлика колку моќно и важно било ова место, сè уште не е пронајдено. Единствените траги се артефактите кои ги чувале Египќаните. Научниците биле очајни да го пронајдат местото, па ги проучувале мумифицираните останки од мајмуни кои наводно биле од Пунт. Се покажало дека тие потекнуваат од источна Етиопија. Иако ова е некаков почеток, сепак станува збор за огромна површина за археолошки истражувања.

Погледнете и кои се најстарите артефакти во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар