10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Врската помеѓу 2 најдобри пријателки е една од најсилните видови поврзаност која може да се оствари помеѓу луѓето. Тие се слободни една покрај друга, целосно искрени, си пружаат неизмерна поддршка и секогаш знаат како да ја насмеат другата. Но, тие исто така прават и некои работи кои другите луѓе не можат да ги сфатат… Погледнете дел од нив.

1. Постојано се прегрнати

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Тие се толку блиски што едноставно не можат да се замислат да бидат долго време раздалечени, па токму затоа секогаш кога се во близина една на друга, тие се прегрнати. Нив воопшто не им пречи да спијат во ист кревет, ниту пак да се држат за рака. Тие делат сè, па токму со допирот си кажуваат колку се среќни што се имаат една со друга.

2. Ги споделуваат сите моменти од нивниот живот, дури и оние безначајните

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Сериозно, за најдобрите пријателки не постои момент кој е премногу мал. Тие сакаат да знаат буквално сè што се случува во нивниот живот, почнувајќи од будењето, па сè до заспивањето. Всушност споделувањето не завршува ни тука, тие наутро си ги споделуваат и соништата, па дури и квалитетот на самото спиење. Тие знаат дека можат да се потпрат една на друга и дека таа секогаш ќе биде тука да ја ислуша другата.

3. Си ги средуваат заедно алиштата

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Колку пати ви се случило вашата најдобра пријателка да дојде во оној момент кога си ги средувате алиштата, па наместо да седи и да ве гледа, таа без размислување да почне да ви помага? Дури и ако станува збор за долната облека, помеѓу најдобрите пријателки нема тајни, па токму затоа и не се срамат од вакви ситуации.

4. Во оние моменти кога не се една покрај друга, комуницираат по мобилен телефон

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Доколку некој постојано ви се јавува и пишува пораки вие без сомнение ќе се изнервирате и ќе го исклучите мобилниот. Но, тоа не се случува со најдобрите пријателки. Баш напротив, во еден ден нема доволно часови за да ѝ ги испратите преку пораки сите оние мисли кои ви поминуваат низ главата.

5. Си помагаат една на друга дури и во несекојдневни ситуации

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Вие знаете дека доколку ви пораснало некое залутано влакненце околу веѓите или кај брадата, таа ќе биде првата која ќе го забележи и отстрани. Од друга страна пак, најдобрата пријателка никогаш нема да дозволи по оброкот да се шетате со храна помеѓу вашите заби.

6. Во нивниот фрижидер секогаш ја има омилената храна на онаа која не живее таму

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Дури и да не ѝ се допаѓа таа храна, секоја девојка ќе ја има во својот фрижидер омилената храна на нејзината најдобра пријателка. Што ако таа некогаш налета без претходно да се најави? Вие секогаш сакате да бидете спремни за нејзиното присуство, а токму тоа го зацврстува ова пријателство.

7. Позајмуваат облека и по некое време целосно забораваат дали е на едната или на другата

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Црниот краток фустан без прерамки беше нејзин или ваш? Којзнае. Личната сопственост има замаглени граници кога станува збор за најдобрите пријателки. Тие исто така никогаш не се плашат да си позајмат и повредни работи како мобилен телефон или рачен часовник затоа што знаат дека и двете добро ќе се грижат за тоа. Исто така веруваат и дека тоа што е на едната ѝ припаѓа и на другата…

8. Ги воспитуваат децата заеднички

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Велат дека потребно е цело село за да воспита едно дете, но во случајот со најдобрите пријателки, тие ги имаат работите во свои раце! Најдобрите пријателки постојано се советуваат на оваа тема и токму поради тоа имаат можност да се видат себеси како родител и од друга перспектива. Исто така тие се секогаш тука да помогнат доколку треба да се чуваат децата, па токму затоа не им пречи ни доколку треба да останат кај нив и цел викенд.

9. Си испраќаат фотографии со смешни фаци

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Понекогаш ова е единствениот начин на кој можете да ја расположите вашата најдобра пријателка. Таа веќе ве има видено и во најдобро, но и во најлошо светло така што воопшто не ви пречи да ѝ праќате смешни фаци од вас со цел да ја насмеете. Но, исто така знаете и дека веднаш ќе добиете повратна смешна фотографија од неа.

10 Имаат телепатска моќ

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

Доволно е само едната да помисли на другата и таа веднаш ѝ се јавува за да ја праша што ѝ е потребно. И не само тоа, тие си ги довршуваат речениците една на друга и можат да го предвидат нивното однесување. Ова е од особено голема помош кога се наоѓаат во јавност, бидејќи можат со поглед да разговараат за некој настан кој во моментот не е пристојно да го споделат пред сите.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар