10 необични факти за сетилото за вкус

Сетилото за вкус е сè освен едноставно. Научниците сè уште не можат да ја објаснат неговата комплексност, а неговата биологија е толку моќна што производителите многу успешно ги манипулираат потрошувачите со него. Па погледнете неколку необични и интересни факти за ова сетило.

1. Скапото вино има подобар вкус

10 необични факти за сетилото за вкус
Одредени информации може да ја променат способноста на човекот за вкус. Особено кога станува збор за дегустација на вино. Во 2015-та година, неколку волонтери биле замолени да дегустираат 5 различни вина. Цените на виното се движеле од околу 4 до 60 евра по шише. Бидејќи не знаеле дека пијат евтино вино, волонтерите изјавиле, но и реагирале како „поскапото“ вино да било навистина вкусно. Верувањето дека во чашата има квалитетен пијалак ја променил нивната перцепција. Мозокот го оформил вкусот според очекувањето на корисникот. Истражувачите исто откриле дека виното во потешко шише имало подобар вкус, најверојатно бидејќи мозокот ја поврзува тежината со квалитет.

2. Мистеријата за коктелот Крвавата Мери

10 необични факти за сетилото за вкус

Во 2013-та година, една германска авиокомпанија забележала нешто невидено. Кога биле во воздух, патниците имале потреба од сок од домати. Годишно се служеле околу 1,8 милиони литри, а ова го направило коктелот Кравата Мери популарен колку и пивото. Овој феномен се појавувал и кај луѓе кои обично не пиеле сок од домати. Повторно било направено истражување, овој пат во авион кој не летал. На патниците им бил понуден овој коктел, но не им се допаднал. Но, за време на симулација на лет, популарноста на коктелот пораснала. Среќните патници го опишувале како „задоволително овошен“.

Зад ова најверојатно се наоѓа нашето 5-то сетило за вкус – умами. Останатите 4 сетила за благо, солено, кисело и горчливо се намалуваат поради вревата во авионот, намалената влажност и притисокот во кабината. Но ова не се случува со умами, сетило кое најчесто е за солени работи. Сокот од домати е навистина солен, па поради ова им се допаѓал на патниците кои летале.

3. Вкусот може да го подобри третирањето на депресијата

10 необични факти за сетилото за вкус

Сетилото за вкус е поврзано со емоциите. Анксиозноста и депресијата може да го намалат сетилото за вкус, а дури има докази дека лошото расположение не ни дозволува да препознаеме колку масти има во некоја храна. Сепак, сетилото за вкус може да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија во нивниот третман. Кога на здрави волонтери им биле дадени антидепресиви, нивната способност да чувствуваат горчливо, благо и кисело се зголемила. Ова укажало на хемиска нерамнотежа кај луѓето што имаат намалено чувство на вкус поради нивните тешки емоции. Благодарение на ова, едноставен тест за сетилото на вкус може да покаже дали некој зема непотребни лекови, или пак дали некој треба да зема лекови. Исто така, истражувачите откриле дека антидепресивите имале влијание на сетилото за вкус пред да стигнат до мозокот.

4. Битката за 6-тиот вкус

10 необични факти за сетилото за вкус

Некогаш се сметало дека човекот може да открие само 4 вкуса. Кога се открило сетилото умами, ова се променило. Некои научници веруваат дека постои дури и 6-то сетило за вкус. Всушност, постојат 7 вкусови кои сè чекаат признание. Глувците имаат 2 рецептори за калциум. Еден од нив се верува дека постои и на човечкиот јазик, но сè уште не е докажан. Јапонските истражувачи веруваат дека рецепторот за калциум е одговорен за уште едно сетило за вкус наречено кокуми. Потоа овде спаѓаат и рецепторите за топло и ладно. Некои сметаат дека овие се повеќе физички рецептори отколку рецептори за вкус. Постојат уште 2 предлога според кои има сетило за масти и за метали. Најнеобичниот кандидат за 6-то сетило за вкус е сетилото за јаглероден диоксид. Овој гас се користи кај газираните пијалаци.

5. Необични дегустатори

10 необични факти за сетилото за вкус

Речиси нема двајца луѓе со исто сетило за вкус. Сепак поголемиот дел од популацијата спаѓа во група која ги искусува основните вкусови со ист интензитет. Но за мал процент работите стануваат необични. Постојат „термални дегустатори“ кои ги регистрираат судените работи како кисели, а топлите како слатки. Постојат и луѓе чии јазици речиси и да немаат чувство за вкус, но и луѓе чии јазици имаат многу развиено чувство. Првите имаат помалку рецептори, а вторите имаат двојно повеќе. Околу 25% од луѓето имаат многу развиено сетило за вкус, но речиси сите тие се согласуваат дека ова може да претставува проблем. Тие не можат да уживаат во вкусот на алкохолот, богатите десерти или здравите зелени зеленчуци.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар