10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срце

10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срце

Најуспешните, најсреќните и најздравите жени чиј живот е секогаш под контрола веруваат во својата внатрешна мудрост. Нивното секојдневие е исполнето со позитивност, креативно и критичко размислување, анализирање дури и на најситните детали и љубов, благодарност и способност за прошка. Следните 10 работи ги прават само оние кои секогаш го слушаат своето срце и размислуваат со емоциите.

10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срце

1. Тие прифаќаат дека не можат да ја контролираат иднината. Ако нешто треба да биде дел од нивниот живот, тогаш тоа ќе биде. Никогаш не сакаат да го одредуваат текот на судбината и веруваат дека ако мислат позитивно, тогаш ќе им се случуваат позитивни работи.

2. Наместо да се фокусираат на тоа што може да тргне на лошо, тие се фокусираат на тоа што може да тргне на правилниот пат, на добро. Нивната одлучност ги води напред, а нивната тенденција никогаш да не се откажуваат им го гарантира успехот.

3. Тие не се обидуваат да ја пронајдат својата цел во животот, бидејќи живеењето на животот е целта. За нив, секој нов ден е нов почеток и уште едно поглавје од нивната возбудлива животна авантура.

4. Тие проблемите ги гледаат како патишта низ кои треба да поминат. Сите пречки кои ги среќаваат се само тест за нивната волја, амбиција и желбата за успех.

5. Тие дејствуваат по уверувањето дека животот станува подобар заради промените, а не случајноста. За нив, сѐ се случува со причина и никогаш не се плашат од новото и непознатото.

6. Тие го менуваат тоа што не можат да го прифатат и се предаваат на она што не можат да го променат. Во моментите кога знаат дека не можат да направат промена, дури и кога ќе дадат сѐ од себе, тогаш ја применуваат втората најдобра работа – помирување со текот на настаните и нивното прифаќање.

7. Го елиминираат од животот тоа што повеќе не им служи. Не сакаат да го натрупуваат ниту својот дом, ниту својата психа со непотребни работи кои само зафаќаат простор. Сакаат да ги држат своите опции отворени за нови шанси, можности и познанства.

8. Веруваат дека работите не им се случуваат ним, туку заради нив. Тие се причината што ги китат своите животи со успеси и достигнувања. Дури и кога поминуваат низ тешки периоди, знаат дека исто како што дошле, така и ќе поминат.

9. Тие одговорите ги бараат во себе. Во своето срце и својата душа. Не дозволуваат туѓото мислење да ги оформи нивните ставови, верувања и мислења. Пред да ги слушаат другите, тие го слушаат срцето.

10. Тие знаат дека наместо крајната цел, многу е поважно тоа што ќе се научи и ќе застане на животниот пат. За нив, патувањето е вистинската награда. Не е важно дали победиле или не, важно е што учествувале и дале сѐ од себе за да стигнат на местото кое што стигнале, не откажувајќи се од својот морал, својот став и својата внатрешна сила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар