10 најзастрашувачки места на Земјата кои не им се познати на туристите - Part 2

10 најзастрашувачки места на Земјата кои не им се познати на туристите

6. „Исус од бездната“ (Сан Фрутозо, Италија)

(6)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mk

Во 1954 година, италијанскиот нуркач Дуилио Марчанте поставил статуа на местото каде што неговиот пријател и колега, Дарио Гонзати, загинал. Статуата е висока околу 2,5 метри. Бидејќи е спомен за починат подводен истражувач, статуата предизвикува навистина чудни емоции. Алгите и корозијата само го засилуваат овој ефект.

Информација за туристи: Без разлика дали статуата ви е морничава или убава, едно нешто е сигурно – нуркањето од 17 метри за да ја видите со сопствени очи ќе ве возбуди, а и сигурно ќе направите одлични фотографии.

7. Централија: Градот кој чади (САД)

(7)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mk

Овој град кој е изграден над рудник за јаглен напредувал навистина добро сè до 1962 година кога избувнал пожар. Локалните жители на почетокот не биле загрижени. Но, 10 години подоцна неколку од нив паднале во разгорените пукнатини кои одеднаш се појавиле на асфалтот. Властите го евакуирале градот. Денес во него живеат околу 7 луѓе.

Информација за туристи: Глетката во овој град е неверојатна – уништени згради, срушени тротоари, графити… Се разбира, не заборавајте зошто градот бил напуштен. Чадот кој излегува од под земја ќе ве потсетува на тоа.

8. Напуштена воена болница во Белиц-Хајлштетен (Германија)

(8)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mk

Историјата на ова место е како сценарио од хорор филм. Низ годините просториите служеле како санаториум за туберкулоза и воена болница чиј пациент бил и Адолф Хитлер. Денес неколку одделенија се користат како нервен центар за рехабилитација, но остатокот од комплексот е напуштен.

Информација за туристи: Белиц-Хајлштетен привлекува многу авантуристи, ловци на духови и љубители на хорор приказни. На само 40 километри од Берлин, ве чека ваша лична хорор приказна.

9. Црквата на светците (Седлек, Чешка)

(9)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mk

Во 14-тиот век, игуменот на манастирот бил на аџилак во Светата земја, и донел почва од Голгота. Ја расфрлал по земјиштето на опатијата. Луѓето решиле дека сакаат да бидат закопувани овде. Старите „жители“ на гробницата морале да бидат вадени за да се направи место за новите. Со тек на време, столарот Франтисек Ринт предложил да ги искористат 40.000-те коски за да ја украсат црквата.

Информација за туристи: Додека сте во црквата, обрнете внимание на неверојатниот лустер од коски, како и грбот на Шварценберг.

10. Паркот со скулптури на Вејо Ренкенен (Финска)

(10)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mk

Вејо бил популарен фински уметник кој бил многу срамежлив, па поголемиот дел од неговото творештво стоело во неговиот двор. Овие чудни скулптури се смета дека се автопортрети, а многу од креациите имале и вистински човечки заби.

Информација за туристи: Опкружете се со чудните суштества со долги раце, големи глави, злобни насмевки и темни очи.

Ако ова ви е малку, погледнете ги и овие чудни места во кои се случуваат морничави работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар