10 најкул работни позиции

Не сите луѓе си ја сакаат работата што ја работат. Поточно, ова е вистинска реткост. Сепак, некои луѓе се прави среќници… или барем нам на другите така ни се чини. Задоволни или не, луѓето кои ја работат оваа работа, дефинитивно имаат најкул работни позиции во светот.

1. Контролор на марихуана за медицински цели

10 најкул работни позицииОвие луѓе буквално стануваат „high“ во текот на нивната работа. Со отворањето на многубројните аптеки за марихуана во Калифорнија, Колорадо и во други земји, се отвори и работната позиција за проверувач на квалитетот на овие места и производите кои таму се нудат. Сепак, за да можат да ја работат оваа работа, тие луѓе и самите мора да смеат легално да купуваат марихуана.

2. Контролор на тобогани

10 најкул работни позицииТоми Линч има многу интересна работа, иако некогаш е лизгава. Тој е проверувач на забавни базени (тобогани). Тој ја проверува висината, брзината, количината на вода и сигурноста при спуштањето за да се осигури дека сè е како што треба за луѓето кои доаѓаат на одмор.

3. Дегустатор на чоколадо

10 најкул работни позицииОва е буквално слатка работа. Сали Меккинон кој е проверувач на чоколадо и менаџер за развој на производите за ланецот продавници Теско, вели дека ја има најдобрата работа во светот.

4. Изумител на печена храна

10 најкул работни позицииОваа вкусна работна позиција му припаѓа на Абел Гонзалес од Далас. Досега има изумено многу вкусни печени колачи. Со ваква работа, не можеш да останеш гладен.

5. ТВ-леш

10 најкул работни позицииАко сакате да ја работите најмрзливата работа во светот, која подразбира лежење и неправење ништо по цел ден, тогаш вие треба да станете ТВ-леш. Ќе се дружите и зезате за време на снимањето, ќе добиете бесплатна храна и добар хонорар (200$), барем ако сте дел од светскиот шоу-бизнис. Се прашуваме колку се плаќа за глумење леш во македонски услови?

6. Пробувач на пиво

10 најкул работни позицииАко имате ваква работа, ќе се чувствувате потопло, но и помалку занесено, почесто од сите други луѓе. За разлика од дегустаторите на вино, пробувачите на пиво мора да голтнат за да дадат оценка за квалитетот на пивото. На здравје пиење!

7. Тестер на видео игри

10 најкул работни позицииАко ги сакате видео игрите, ова е вистинската работа за вас. Тестерите на видео игри, ги играат игрите пак и пак и пак и пак, сè додека не се уверат во нејзиниот квалитет, во тоа таа да нема никакви технички проблеми, да пробаат да ја „срушат” и многу повеќе.

8. Контролор на луксузни кревети

10 најкул работни позицииВо ред, работава сигурно нема да ви трае вечно, меѓутоа навистина е кул и забавна додека трае. Во август, 2009, Роисин Мадиган, студент од Бирмингем, Англија, добивал по 1.600 долари месечно само за да ги пробува најдобрите кревети и постелнини чијашто цена се движела од 8.000 до 43.500 долари.

9. Блогер што патува

10 најкул работни позицииПаровите коишто уживаат да патуваат и да пишуваат ќе ја обожаваат работава. Официјалните претставници на министерството за туризам на Тајланд, неодамна почнале да ја рекламираат оваа работа за двојки кои би патувале и би блогирале за Тајланд. На петте победнички двојки ќе им бидат платени сите патни трошоци, а парот којшто ќе биде најдобар во својата работа во Тајланд, ќе добие и 10.000 долари, видео камера и Блекбери.

10. Велосипедист во Париз

10 најкул работни позицииГо сакате велосипедизмот и Градот на Светлината? Па тогаш сигурно ќе ја обожавате и оваа работа. Имено, Гугл вработил двајца млади велосипедисти да возат ултра технолошки велосипеди на три тркала низ главниот град на Франција во летото, 2009. Фенси троциклите биле опремени со по 9 камери, GPS, компјутер и генератор за велосипедистите да направат илјадници дигитални фотографии за познатиот сервис Google Maps.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар