10 најдобри локации за скокање со банџи

10 најдобри локации за скокање со банџи

Велат дека штом еднаш се изведе банџи скок, тоа мора кога-тогаш пак да се повтори. Самиот поглед од висока платформа надолу и скокот кон бездната кој завршува со растегнување на јажето се незаборавно искуство кое скокачот го тера да бара подобри места за овој екстремен спорт. Потрагата по спојување на катарзата од дивата природа со адреналинот од екстремниот скок, завршува на следните десет локации, најдобри во светот според повеќето скокачи.10 најдобри локации за скокање со банџи

Викторија фолс бриџ, Зимбабве и Замбија

Над спектакуларните Викториини водопади на реката Замбези е изграден мост кој ги поврзува Замбија и Зимбабве. Како да не е доволно возбудливо само да се гледаат водопадите, па постои можност дури и да се скокне со раширени раце кон нив од 152 метри високиот мост. Единствен проблем е тоа што мостот е на самата граница меѓу двете држави, па на скокачот му е потребен пасош и потпишана изјава дека пo скокот ќе се врати назад во земјата од каде што дошол.10 најдобри локации за скокање со банџи

007 Банџи џампинг центар, Швајцарија

Браната на езерото Вогорно во живописната Швајцарија служи како платформа за банџи скокање. И покрај тоа што е извонредна локација, не беше многу позната сè додека Џејмс Бонд не го изведе скокот од неа во „Залтното око“, по што практичните Швајцарци го задржаа името „007 Банџи џампинг центар“.10 најдобри локации за скокање со банџи

Невис, Нов Зеланд

Неколку работи го прават Невис една од највозбудливите банџи дестинации во светот. Платформата за скокање е сместена во кањон помеѓу два рида, кој при врвот е широк, но во долниот дел драматично се стеснува. До неа може да се стигне само со жичара од која скокачот ужива во неверојатната природа. Ако на тоа се додаде и возбудата од погледот кон 134 метри длабоката бездна додека се возите во кабината, оној кој патем не се откажал ќе има за што да раскажува.10 најдобри локации за скокање со банџи

Пајплајн, Нов Зеланд

За многумина е доволно застрашувачки дури и да се движат по долгиот мост без столбови Пајплајн, додека низ карпите под него дивее реката Шотовер. Оној кој ќе го издржи тоа, а уште ќе собере храброст и да скокне, речиси ќе се нурне во пенливите води на реката каде што ќе биде пречекан од екипаж со чамец пред да биде префрлен на безбедно.10 најдобри локации за скокање со банџи

Блукранс, Јужна Африка

Мостот Блукранс е прекрасно архитектонско здание кое нуди извонредна глетка кон двата рида кои ги поврзува и уште една застрашувачка глетка надолу. Сепак, токму тоа е она што скокачите го бараат, а покрај тоа, поради опремата што се користи, тука се изведуваат „најмеките“ скокови во светот.10 најдобри локации за скокање со банџи

Коринтскиот канал, Грција

Коринтскиот канал ја дели Грција од Пелопонез, а мостот над него е добра можност за изведување возбудлив банџи скок. Во топлите месеци редовно се изведуваат скокови, кои чинат по 60 евра, а дополнително може да се плати уште 10 евра за оние кои сакаат да се пофалат со дивиди од нивниот храбар потфат.10 најдобри локации за скокање со банџи

Пукон, Чиле

Ова не е за секој банџи скокач. Оној кој сака да го доживее ова искуство, прво ќе се врзе за хеликоптер, па ќе отпатува до местото од каде што ќе скокне 106 метри надолу кон активен вулкан, доближувајќи се на само 200 метри од врелата лава чувствувајќи ја топлината на себе. Потоа следува враќање назад во базата висејќи на банџи јажето цели 50 километри додека трае патувањето. Сето ова чини 10.000 долари.10 најдобри локации за скокање со банџи

Боте Коси, Непал

Ако качувањето на Хималаите не е доволно возбудливо, тогаш банџи скок со глетката на пенливата река Боте Коси под себе и Хималаите околу себе мора да биде доволно. Мостот е изграден специјално за банџи и е висок 160 метри. Скокот е долг 120 метри, така што при скокањето птичјата перспектива бргу се претвора во блискост до тлото. Ова исто така е еден од најдолгите скокови во светот.10 најдобри локации за скокање со банџи

Ројал Горџ, САД

Покрај спектакуларната глетка на карпестата околина карактеристична за Северна Америка и реката Арканзас, она што ги привлекува најекстремните скокачи кај мостот Ројал Горџ е неговата висина. Таму е поставена највисоката платформа на светот со висина од 321 метри.10 најдобри локации за скокање со банџи

Понте Колосус, Италија

„Големиот мост“ е еден од највисоките во светот од кои може да се скокне со банџи, а ги привлекува оние кои покрај храброст да скокнат надолу кон зеленилото под мостот, ќе имаат и челични нерви да ги издржат вечните 4,5 секунди додека паѓаат со неверојатни 100км/ч.10 најдобри локации за скокање со банџи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар