10 начини на кои медиумите манипулираат со нашето мислење

10 начини на кои медиумите манипулираат со нашето мислење

Пред речиси 30 години, Ноам Чомски, познат интелектуалец, напишал за стратегиите за манипулирање кои ги користат медиумите. Оттогаш има поминато многу време и денес имаме работи како Интернет, Твитер и Фејсбук, па медиумите имаат уште повеќе начини да влијаат на нас. За жал, ова влијание не е секогаш позитивно. Погледнете некои од методите кои се користени за манипулација на нашето мислење.

1. Создавање диверзија

(1)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mk

Создавањето диверзија е омилената стратегија на медиумите. Важните информации не се забележуваат помеѓу голем број помали приказни. Интернетот не го реши овој проблем – постојано го вртиме нашето внимание кон смешни слики и шеги. Единствената разлика е тоа што денес барем имаме избор, односно можеме да ги филтрираме информациите што ги добиваме.

2. Преувеличување на проблем

(2)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mk

Понекогаш измислен или преувеличен проблем може да предизвика сериозна реакција од општеството. Во 2016 година, НАСА објави текст во кој изјави дека ако астрологијата била научна гранка, хороскопските знаци би си ги промениле позициите. На пример, Девицата ќе стане Лав. Космопилитан ја презентираше оваа информација како научно откритие и тврдеше дека 80% од луѓето ќе треба да си го променат хороскопскиот знак. Ова се прошири толку брзо што НАСА требаше да објави објаснување.

3. Постепена стратегија

(3)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mk

За да формирате одредено мислење, можете да објавувате материјали за некоја тема постепено. Оваа стратегија се користи за да се создаде слика за личност, продукт или настан. На пример, во медиумите на разни земји спомнати се само одредени брендови храна. Најдобриот пример за промоција преку медиумите е прославувањето на пушењето во средината на 20-тиот век.

4. Стратегија на одложување

(4)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mk

За да ги убедат луѓето да донесуваат тешки или непопуларни одлуки, медиумите ги претставуваат како „болни, но неопходни“. Потоа им кажуваат на луѓето дека овие одлуки мора да бидат донесени утре, а не денес. Идното жртвување е многу полесно од она што треба да го направите денес. Како пример може да се спомнат референдуми за независност или диктаторство во земјите во развој на основа на пропаганда и авторитативност.

5. Добрина

(5)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mk

Некои реклами користат јазик, аргументи, симболи и интонација за деца. Оваа комуникацијата ги прави луѓето помалку критички настроени. Брендовите користат императив и целат кон наједноставните чувства и импулси. Медиумите имаат патронизирачки тон бидејќи сигурно знаат повеќе од нас.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар