10 креативни намени на вашите омилени фотографии

Фотографирањето е апсолутен тренд, зараза која многумина од нас лесно ја префатија. Најголеми виновници за ова се онлајн-сервисите за споделување фотографии, посебно Инстаграм, кој со неколку ефекти прави сите да се чувствуваме како професионални фотографи.

Ако сите срциња на Инстаграм и лајкови на Фејсбук не ви се доволни, еве како да ја пренесете креативноста во вашиот дом, па да почнете да добивате комплименти и во живо од вашите гости. Ви нудиме 10 различни идеи да ги овековечите омилените креативни фотографии на стариот добар начин – во печатена форма.

1. Направете огромна мрежа од фотографии на вашиот ѕид. Залепете ги фотографиите со леплива лента. Изберете фотографии со слични сцени за да ѝ дадете на мрежата единствен изглед. Предност – оваа мрежа лесно се отстранува, па кога ќе ви здосади или тргнете ја сосема или заменете ја со нови креативни фотографии.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографии

2. Фотографиите во тегла или друг стаклен сад свртен наопаку се навистина убава замена за класичните рамки. Изгледаат како стаклени топки наполнети со лични спомени.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографии

3. Земете класична рамка за големи слики и на белата површина налепете ги фотографиите од одредено патување, од вашата свадба или од роденденот на вашето синче. Употребувајте селотејп кој лепи од двете страни. Испечатете ги фотографиите во форма на квадрат и внимавајте на подредувањето и растојанието меѓу нив.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

4. Со помош на штипки и декоративни шајчиња или боцки прицврстете ги омилените фотографии на ѕидот или на плоча.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографии

5. Земете фотографии во различни големини и наредете ги околу рамката на вратата. Можете да додадете леплива хартија на рабовите на сликите за да направите уште поинтересен ефект.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

6. Употребете обични пластични садови во квадратна форма за да чувате куп испечатени фотографии во домот. Ова е секогаш интересна занимација за гостите.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

7. Мрежа од фотографии на ѕидот можете да направите и во колоритна варијанта. Го разигрува просторот во дневната соба, ги интригира гостите и предизвикува пријатни насмевки и воздишки секогаш кога ќе поминете крај неа. За полесно да ги подредите правилно користете леплива хартија (креп трака) и потоа редете по неа.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

Друга варијанта на мрежа од фотографии е да купите мали магнетчиња и да ги залепите за задниот дел од испечатените фотографии. Потоа можете да го украсите фрижидерот.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

8. Поставете неколку фотографии (9 или 16) на парче платно со рамка, збиени една до друга.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

9. Испечатете ги омилените фотографии и направете си личен албум во убава тетратка или тефтер.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографии

10. Направете дневник за фаќање креативни белешки во моментите на инспирација. Креативноста се развива со креативност. Изберете ги омилените фотографии и облепете ги кориците на тетратката. Потоа носете го вашиот дневник секаде со вас и запишувајте ги внатре сите креативни идеи кои ќе ви дојдат на памет.

10 креативни намени на вашите омилени фотографии

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар