10 катастрофални грешки направени за време на операции

Знаеме дека во медицината нема простор за грешки, но како што ќе откриете во продолжение, грешките се случуваат почесто одошто мислите. Овде спаѓаат заборавање на инструменти во пациентите, па дури и правење операција на погрешен пациент. Погледнете 10 вакви катастрофални грешки што навистина се случиле во светот.

1. Погрешни бели дробови и срце за време на трансплантација

10 катастрофални грешки направени за време на операции

Во 2003-та година, 17-годишната Џесика Сантилан била жртва на можеби најлошата грешка. Ѝ била направена операција на 7-ми февруари, 2003-та година, но нејзината состојба само се влошила бидејќи докторите искористиле срце и бели дробови од донатор со друга крвна група. Телото на Џесика ги одбило органите и имала неколку напади. 2 недели подоцна ѝ била направена уште една операција, овој пат со правилни орани. Иако операцијата била успешна, било премногу доцна. Џесика имала непоправлива оштетеност на мозокот и била во кома. По некое време ги исклучиле апаратите.

2. Операција на срце за инфекција на респираторниот систем

10 катастрофални грешки направени за време на операции

Една 83-годишна жена во Јужна Африка подлегнала на операција која била наменета за друг пациент. Жената се викала Рита ду Плесис и била во болницата за инфекција на респираторниот систем. Рита и пациентот кој имал потреба од операција на срце имале ист лекар. Хирургот ги помешал имињата, па Рита завршила на операционата маса. Кога сфатиле што направиле, лекарите се извиниле и не ѝ ја наплатиле операцијата на Рита.

3. Жена изгубила дојка поради рак што го немала

10 катастрофални грешки направени за време на операции

Во април 2015-та година, 49-годишната Едувигиз Родригез имала операција за агресивен рак на нејзината лева дојка. Заболената дојка била отстранета и Родригез била во ред. Но, по операцијата лекарите сфатиле дека ткивото воопшто не било заболено. Грешката во дијагнозата била направена по биопсија во друга болница. Но ова не значи дека хирурзите кои ја направиле операцијата се невини. Тие требало да ја тестираат Родригез пред да ја направат операцијата.

4. Операција на мозок на погрешен пациент

10 катастрофални грешки направени за време на операции

Во 2018-та година, националната болница во Кенија се прослави откако на погрешен пациент му била направена операција на мозокот. И двајцата мажи биле донесени во болницата без свест и биле чувани во истото одделение. Но, некако им се измешале картоните, па погрешниот човек се нашол во операционата сала. Пациентот на кој му бил потребна операција имал крвна грутка во мозокот, додека другиот имал само потечена глава. На докторите им биле потребни 2 часа да сфатат дека оперираат на погрешниот пациент. Уште поинтересно е што пациентот на кого му бил потребна операцијата почнал да заздравува без неа.

5. Операција на мозокот по изместување на вилицата

10 катастрофални грешки направени за време на операции

Во една болница во Мичиген, 81-годишната Бимла Најар имала операција на мозокот што не ѝ била потребна. Уште полошо е што Бимла изгубила свест и умрела 60 денови подоцна. Бимла била донесена во болницата во 2012-та година за изместена вилица. Третманот требало да биде лесен, сè додека не се открило дека има крвавење во мозокот. Иако снимката припаѓала на друг пациент, лекарите мислеле дека е на Билма. На Билма ѝ биле направени 5 дупки во главата и ѝ бил отворен черепот. Лекарите ја сфатиле грешката кога не пронашле знаци на крвавење во мозокот. Семејството на Билма ја тужело болницата и добило 20 милиони евра.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар