10-те најпознати и највредни изгубени богатства кои сè уште не се пронајдени - Part 2

10-те најпознати и највредни изгубени богатства кои сè уште не се пронајдени

6. Богатството на царот

(6)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Постои легенда дека рускиот цар Никола Втори во 1917 година скрил богатство кое денес има вредност од милијарди долари. Единственото прашање што останува е: Каде?

Една од теориите е дека богатството е скриено под Омск, сибирски град кој има огромна мрежа од подземни тунели. Во 2001 година се појавила теоријата дека богатството можеби е скриено под домот на балерината Матилда Кшенискаја. Обидите за пронаоѓање на богатството под нејзиниот дом биле неуспешни. Постои и трета теорија која тврди дека златото се изгубило со РМС Република, ирски брод кој потонал во близина на брегот на Нантакет. Бродот бил пронајден во 1981 година, но истражувањето кое траело 74 дена не резултирало со богатство.

7. Накитот од Брегот на слоновата коска

(7)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

За време на граѓанска војна во која интервенирале Обединетите Нации и Франција, од Музејот на цивилизациите биле украдени преку 80 предмети, вклучувајќи маски, накит и религиозни артефакти. Обично овој вид накит се пренесува од еден наследник на тронот на друг, но колекцијата од Брегот на слоновата коска поминала низ повеќе династии и кралства и се изгубила. Интерпол се обидува да го лоцира накитот на црниот пазар, но до денес обидот е неуспешен.

8. Ава Мару

(8)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Ава Мару бил јапонски воен брод, изграден за време на Втората светска војна. Во 1945 година бродот бил потопен и од 2.040-те луѓе на него, само еден преживеал. Иако САД ја криеле локацијата на бродот, денес е познато дека тој потонал во близина на Кина.

Во 1970-тите, Кинезите потрошиле милиони обидувајќи се да го пронајдат бродот и богатството на него, но останале со празни раце. Богатството, кое вклучува слонови коски, благородни метали и историски артефакти е проценето на 5 до 10 милиони долари.

9. Грабежот на Бринкс-Мат

(9)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Складиштето на Бринкс-Мат бил објект со високо обезбедување лоцирано на аеродромот Хитроу во Лондон. На 26 ноември, 1983 година, чуварот кој бил на смена, пуштил 6 вооружени лица во него. Оригиналниот план бил да земат што повеќе пари, но откако влегле тие откриле многу повеќе од посакуваното. Складиштето било полно со платина, злато, дијаманти, како и пари.

Излегло дека разбојниците украле богатство во вредност од 26 милиони фунти. Чуварот кој ги пуштил разбојниците бил осуден на 6 години затвор, а другите двајца кои ги фатиле си заработиле казна од 25 години затвор. Полицијата успеала да открие дел од парите, но 10 милиони од златото до ден денес се скриени.

10. Грабежот во Хатон Гарден

(10)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Она што е интересно за најголемиот грабеж во историјата на Велика Британија е тоа што траел два дена. Грабежот се одвивал за време на велигденските празници во април, 2015 година. Во првиот обид, двајца постари искусни разбојници ја искористиле вентилацијата за да влезат во сефот на Хатон Гарден. Користејќи дупчалка со дијамантски врв, тие успешно влегле во сефот.

Тогаш откриле дека не можат да влезат во просториите каде што се чува богатството, па си заминале, земале посоодветна опрема, и се вратиле наредниот ден. Тогаш си излегле со целото злато, дијаманти, накит и пари. Вредноста на украдените работи е проценета на 25 милиони фунти. Денес е пронајдена само третина од пленот.

Погледнете ги и најлудите нешта кои се пронајдени на Земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар