10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Ако не патувате многу често, речиси е невозможно да избегнете некои грешки за време на вашите патувања. Па, секогаш можете да учите од туѓите грешки и да не ги повторувате. Погледнете ги најчестите грешки кои ги прават луѓето за време на патување.

1. Престојувате во периферијата за да заштедите пари

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Престојувањето во периферијата понекогаш може да биде удобно, на пример ако имате изнајмено автомобил. Хотелите настрана од центарот на градот обично се поевтини, но разликата не е многу голема. Покрај тоа, заштедените пари ќе ги потрошите на транспорт. Кога сте на одмор, подобро е да се сместите сред случувањата и да бидете опкружени со убавината на градот наместо во некој здодевен хотел далеку од центарот. Ако сте сместени во центарот ќе можете да ги посетите интересните места доцна навечер или рано наутро кога нема премногу гужва. Нема да испуштите ништо, а покрај тоа можете да престојувате во стар автентичен хотел. Друга предност е тоа што секогаш ќе можете да се вратите во вашата соба за да се одморите.

2. Плаќате за работи што можете да ги најдете бесплатно

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

  • Наместо да одбирате тура и да плаќате за неа, посетете го овој веб-сајт. Овој сајт ве поврзува со локални жители што го сакаат градот и можат да ве прошетаат бесплатно. Покрај тоа, тие ќе ве однесат на места што ги знаат само локалните жители.
  • Couchsurfing е веб-сајт што ве поврзува со луѓе кои нудат бесплатно сместување. И овде можете да пронајдете личност која ќе ве прошета низ градот.
  • Workaway е веб-сајт со кој можете дури и да заработите нешто на вашето патување.
  • Campinmygarden ви помага да најдете луѓе кои го користат својот двор за кампување. Сè што ви е потребно е шатор. Нема секогаш да најдете бесплатна понуда овде, но цените се многу ниски, на пример околу 5 евра од вечер.
  • Многу музеи имаат денови со бесплатен влез. На пример Лувр во Париз можете да го посетите бесплатно првата недела од секој месец.
  • Некои супермаркети ставаат попуст на храната чиј рок на траење е при крај. Понекогаш дури ја даваат и бесплатно. Ова најчесто ќе го сретнете во Америка и во некои азиски држави.
  • Во Шпанија постои правило – ужината што ја служат со пивото секогаш е бесплатна. Понекогаш оваа ужина може да биде сендвич или салата, зависи од самиот ресторан.

3. Не обрнувате внимание на рецензиите од корисниците

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Повеќето луѓе читаат рецензии за хотелите, но забораваат да ги прочитаат и оние за местата што ќе ги посетат. Овие рецензии ќе ви помогнат да откриете неверојатни трикови за тоа како да најдете поевтин или различен влез. Благодарение на рецензиите за храна со фотографии можете да видите како навистина изгледаат оброците во некои ресторани. Некои веб-сајтови што ќе ви помогнат:

  • Tripadvisor: Ова е можеби најпознатиот веб-сајт на кој има рецензии за сè.
  • Foursquare: Многу корисен веб-сајт кој ќе ви помогне да ги одберете најдобрите места за забава, јадење и пиење.
  • Yelp: Овој веб-сајт е речиси ист како и Foursquare, но е специјализиран за ресторани и кафетерии.

4. Носите премногу работи со себе

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Кога почнувате да се пакувате сигурно сте помислиле дека носите многу малку работи, па завршувате со огромен куфер. А кога ќе стигнете на дестинацијата сфаќате дека голем дел од работите не ви се воопшто потребни. Во секојдневниот живот сигурно не носите нова облека секој ден, па нема потреба од тоа ниту на вашето патување. Спакувајте неколку парчиња облека што можете да ги комбинирате. Покрај тоа, подобро е да земете некое ќебенце наместо уште еден џемпер бидејќи ќе можете да го користите како шал, ќебе, па дури и прекривка за пикник.

5. Носите само кеш или само кредитна картичка

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Немојте никогаш да го правите ова. Можете да го изгубите (или парите или картичката), а вашата банка може да ве блокира во кој било момент. За да го избегнете ова најавете ѝ на банката дека одите во странство. Најдобро е да носите барем 2 картички. Најдобро е со вас да имате кеш и неколку кредитни картички. Покрај тоа, проверете каде е најдобро да менувате пари.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар