10 градови со прекрасни плажи

Убавите плажи не се сместени само на изолирани места некаде далеку од урбаните подрачја. Според магазинот Лонли Планет овие градови не заостануваат зад нив.

Барселона

Целото крајбрежје на Барселона е исполнето со прекрасни плажи. Најјужно се наоѓа Плаџа де ла Нова Икарија, најубавата од нив и секогаш полна со капачи.

10 градови со прекрасни плажи

Рио де Жанеиро

Копакабана и Ипанема се двете најпознати плажи во овој бразилски град. Оној кој еднаш стапнал овде и ја почувствувал енергијата во воздухот секогаш копнее да се врати на овие храмови на хедонизмот.

10 градови со прекрасни плажи

Кејп Таун

Без оглед на тоа дали сакате плажа опкружена со барови, катче за одмор со семејството или место за играње фудбал на плажа, на убавото крајбрежје на Кејп Таун има сè што може да ви притреба.

10 градови со прекрасни плажи

Танжиер

Мароканскиот град Танжиер се наоѓа на африканскиот дел од Гибралтарскиот Проток, онаму каде што се среќаваат Атлантикот и Медитеранот. Градот располага со огромни песочни плажи кои никогаш не се празни. Тука постојано има капачи, деца кои си играат и луѓе кои доаѓаат само за да се опуштат гледајќи во океанот.

10 градови со прекрасни плажи

Мајами

Првата слика која доаѓа на памет кога ќе се споменат плажите во Мајами се хоризонтот и убавите тела на посетителите, но покрај тоа во градот има место и за оние кои сакаат да сурфаат или за оние кои не бараат гужви.

10 градови со прекрасни плажи

Сиднеј

Кога брановите стигнуваат до плажата Бонди во Сиднеј се чини дека нема граница каде завршува Пацификот и почнува плажата. Во градот има и други убави плажи, но не се толку популарни како оваа.

10 градови со прекрасни плажи

Валенсија

Плаја де ла Малвароса и Плаја де лас Аренас ја прават Валенсија привлечна за туристите кои сакаат да се бањаат на бреговите на Коста Бланка. Веднаш зад нив се наоѓа шеталиштето Пасео Маритимо, а недалеку од нив се и бројните шпански ресторани, барови и дискотеки.

(7) 10-gradovi-so-prekrasni-plazhi-www.kafepauza.mk

Тел Авив

Тел Авив е спротивност од угледот кој го има Израел. Плажите се совршено чисти и се исполнети со млади луѓе кои таму се забавуваат додека се раздени.

10 градови со прекрасни плажи

Дубаи

Сè она најдобро што може еден турист да посака може да го најде во Дубаи. Песокот и водата на плажите се беспрекорни, а покрај погледот кон морето може да се ужива и во глетката над надвиснатите архитектонски зданија во градот.

10 градови со прекрасни плажи

Брајтон

Изненадувачки, меѓу најубавите плажи во светот се наоѓа и една во Англија. Плажата е со ситни камчиња, но студентите и денешните хипици кои ја окупираат ѝ даваат боемски дух кој ја сместува меѓу најатрактивните во светот.

10 градови со прекрасни плажи

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар