10 фотографии кои ни докажуваат дека 2007 година е античко минато

Во 2007 година ги слушавме Токио Хотел, носевме розови врвци на патиките и ја чекавме последната книга од серијалот Хари Потер. Од тогаш поминаа цели 10 години. Следниве фотографии се споредба на 2007 и 2017 година. Дали ќе ја разбудат носталгијата во вас?

1. Ајфон

(1)10-fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-2007-godina-e-mnogu-odamna-kafepauza.mk

Првиот Ајфон беше направен во 2007 година и беше вистинско технолошко чудо. Денес овие смартфони ги користат милиони луѓе низ целиот свет.

2. Џаред Лето

(2)10-fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-2007-godina-e-mnogu-odamna-kafepauza.mk

Во 2007 година Џаред им ги кршеше срцата на тинејџерките со својот мистериозен изглед и неговите песни. Во 2017 тој ѝ е посветен на филмската кариера, одамна заборавил на моливчето за очи и изгледа навистина добро.

3. Скејтброд и ховерборд

(3)10-fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-2007-godina-e-mnogu-odamna-kafepauza.mk

Во 2007 година најголемите фраери возеа скејтборд. Денес, иако скејтбродот сè уште е популарен, ховербордот полека му го презема местото на врвот.

4. Аврил Лавињ

(4)10-fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-2007-godina-e-mnogu-odamna-kafepauza.mk

Во 2007 година Аврил им беше идол на сите тинејџерки кои сметаа дека се поразлични. Сега таа нема потреба да ја крие својата убавина зад накитот со боцки и нападната шминка.

5. Селфи

(5)10-fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-2007-godina-e-mnogu-odamna-kafepauza.mk

Пред 10 години камерите на нашите телефони не беа ни приближно добри како денес. Селфи фотографиите беа реткост и изгледаа навистина чудно. Денес овие фотографии се форма на изразување на секој човек.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар