10 фасцинантни и помалку познати факти за женското тело

Жените многу често се нервираат за „недостатоците“ на своето тело, па токму затоа забораваат да ги истражат сите оние неверојатни работи кои се поврзани со него. Многу често сме повеќе заинтересирани за тоа како тоа изгледа, отколку како функционира и токму затоа работите мора да се сменат веднаш. Еден од начините целосно да го засакате вашето тело е доколку го запознаете и однадвор и однатре. Па, токму затоа ајде да започнеме со следниве 10 неверојатни нешта кои можеби не сте ги знаеле за вашето тело…

10 фасцинантни и помалку познати факти за женското тело

1. Клиторисот има само една цел

Дали сте знаеле дека клиторисот е единствениот орган во телото кој е „дизајниран“ исклучиво за задоволство? Тој има најголема концентрација на нервни влакна од целото тело, односно 800, што е дупло повеќе од нервните влакна кои се во пенисот.

2. Хименот е преценет

Хименот е мала мембрана која го опколува или делумно го прекрива екстерниот вагинален отвор. Тој може да се скине по првата пенетрација, но може и само да се истегне. Со други зборови, отсуството на химен не кажува ништо за невиноста на жената.

3. Бременоста не е толку едноставна за откривање

Бидејќи поголемиот дел од жените не знаат точно кога овулираат, а уште помалку го знаат денот кога останале бремени, докторите ја мерат бременоста од првиот ден на последниот циклус. Исто така домашните тестови не се многу точни сè додека циклусот не ви доцни барем една недела.

4. Матката е еластична

Кај жените кои не се бремени, здравата матка има големина од само 5 сантиметри. Од друга страна пак, кај здравата бременост надворешниот раб на матката достигнува до долниот раб на градниот кош.

5. Создавање млеко во дојките

Не само што млекото во дојките е совршена храна за новороденчињата, доењето исто така може да го намали ризикот за развивање рак на дојките. Добрите вести се дека големината на градите нема никакво влијание врз количината на млеко кое вашето тело ќе ја создаде.

6. Жените слушаат различно од мажите

Според една неодамнешна студија, мажите слушаат со само една страна на мозокот, додека жените ги користат и двете. Ова не значи дека едните слушаат подобро од другите, но сепак додава „гориво“ на дебатата дека жените се подобри слушатели.

7. Жените имаат подолги црева од мажите

Долниот дел од дебелото црево има тенденција да биде подолго кај жените отколку кај мажите. Должината на дебелото црево заедно со сите репродуктивни органи споени во толку мал простор создаваат непријатност во средниот дел од абдоменот. Со други зборови, жените заслужуваат тоалети со повеќе приватност.

8. Срамните влакна опаѓаат кога се премногу долги

Во средината на зимата, сигурно не гледате поента во депилација на препоните, но истовремено и се грижите дека доколку не го сторите тоа ќе бидете премногу влакнести. Добрите вести се дека и покрај тоа што влакната на косата можат да живеат со години, срамните влакна умираат и опаѓаат по само 3 недели.

9. Жените имаат повеќе желба за секс во лето

Според научничката Патрисија Барнс-Сварни, жените имаат засилено чувство за мирис. Токму затоа за повеќето жените миризбата на лаванда, рози и нане (летни миризби) ги повикуваат нивните романтични чувства и го зголемуваат нивното либидо.

10. Вашата ДНК била создадена во телото на вашата баба

Малите девојчиња се создаваат во матката со сите јајце-клетки кои ќе ги имаат во нивниот живот. Ова значи дека кога вие ќе бидете бремени, не само што создавате ново суштество, туку исто така правите и половина од ДНК-то на вашата внука, секако доколку тоа девојче еден ден одлучи да има деца.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар