10 фантастични цитати од големите умови

Убавата и мудра мисла секогаш може да ни даде кураж, мотивација, желба, надеж и спокој. Ова се 10 одлични цитати кажани од големите умови, кои секоја мисла знаеле да ја преточат во поука.

10 фантастични цитати од големите умови

 

„Песимистот ja гледа тешкотијата во секоја можност, оптимистот ја гледа можноста во секоја тешкотија.“ – Винстон Черчил

„Никогаш не играјте си со чувствата на другите. Можеби ќе ја добиете битката, но голем е ризикот дека засекогаш ќе го изгубите човекот.“ – Вилијам Шекспир

„Светот пати многу. Не поради насилството од лошите луѓе, туку поради молчењето на добрите.“ – Наполеон Бонапарта

„Им благодарам на сите што ми рекле „не“ во животот. Токму поради нив, сам сум направил сѐ.“ – Алберт Ајнштајн

Слабите никогаш не опростуваат. Опростувањето е доблест само на силните.“ – Махатма Ганди

„Многу е лесно да поразиш некого, но тешко е да го освоиш.“ – Абдул Калам

„За 20 години, ќе бидеш повеќе разочаран од она што не си го направил, отколку од она што си го направил.“ – Марк Твен

„Доколку не можете да го објасните просто, не сте го сфатиле доволно добро.“ – Алберт Ајнштајн

„Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи поинаков, тоа е вистинско достигнување.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Биди толку добар, што и да сакаат не ќе можат да те игнорираат.“ – Стив Мартин

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар