10 факти за милијардерот Доналд Трамп

10 факти за милијардерот Доналд Трамп

Доналд Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк, САД. Тој е еден од најпознатите бизнис магнати во светот, директор на корпорацијата „Трамп“ која се занимава со недвижнини, а покрај тоа, тој е и автор и телевизиски шоумен. Ова се 10 уникатни факти поврзани со него и неговиот живот.
10 факти за билионерот Доналд Трамп1. Ова дефинитивно е најуникатниот факт за Доналд кој многумина не го знаат. Во 1990 година, тој беше на работ на персонален и бизнис банкрот. Сепак, до 1994 година, тој успева да го отплати личниот долг од 900 милиони американски долари, а бизнис долгот да го намали на 3,5 милијарди долари. Се откажал од својот личен авион, но ги задржал зградата „Трамп“ и трите казина во Атлантик Сити. Денеска неговата организација поседува повеќе од 100 фирми и е проценета на повеќе од 2,6 милијарди американски долари.

2. Тој има дипломирано економија на бизнис школата Вортон на Универзиететот во Пенсилванија.

3. Неговата зграда или кулата Трамп, како што често е нарекувана, е најголемата станбена зграда во светот. Таа има 90 ката.
10 факти за билионерот Доналд Трамп4.
Тој исто така поседува и палата во Палм Бич, Флорида со 18 спални соби, наречена палатата Трамп. Тоа е еден од најскапите имоти во државата.

5. Трамп кратко беше замешан и во американскиот фудбал (рагбито). Овој факт е исто така помалку познат, но сепак интересен. Доналд Трамп извесен период беше сопственик на рагби тимот „New Jersey Generals“ кој се натпреваруваше во фудбалската лига на САД.

6. Трамп еднаш се има обложено со Винс Макмехон, сопственикот на Светската боречка федерација (WWE) при што и двајцата одбрале свој борач, а борбата била наречена „Битката на милијардерите“. Губитникот морал да си ја избричи главата. Во борбата победил натпреварувачот на Трамп, по што тој помогнал при бричењето на главата на Винс.
10 факти за билионерот Доналд Трамп7.
Во 2002 година, Доналд Трамп и телевизијата „NBC“ направиле ексклузивен договор со кој Трамп станал еднаков партнер во франшизата за Мис Универзум.

8. Во 1999 година, Доналд Трамп покажал интерес за кандидирање за позицијата претседател на САД како претставник на реформската партија, на изборите во 2000 година. Сепак, на крајот не се кандидираше. Годинава пак и се врати на таа идеја.

9. Во 2004 година, Доналд стана извршен директор и ѕвезда на реалното шоу на телевизијата „NBC“, „The Apprentice“ (Ученикот). Она што ретко кој го знае е фактот дека добивал плата од 375.000 американски долари по епизода.

10. Доналд Трамп е тотален трезвеник и никогаш се нема напиено алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар