10 факти за грдата страна на модната индустрија - Part 2

10 факти за грдата страна на модната индустрија

6. Промена на вкусови

10 факти за грдата страна на модната индустрија

Модата постојано се менува, а природниот изглед на моделите може да стане застарен со менувањето на трендовите. Денес многу се познати андрогените модели, а пред неколку години не можеа да најдат никаква работа. Во 1980-тите и 1990-тите во Токио најбарани биле моделите со руса коса и сини очи. Денес ситуацијата е поинаква и најбарани се моделите кои се мешавина од две раси.

7. Злоупотреба на дрога

10 факти за грдата страна на модната индустрија

Постои стереотип дека моделите користат кокаин за да ја одржат својата линија. За жал, ова е многу блиску до вистината. По модните ревии во Њујорк често има навистина луди забави. Замислете да имате 16 години, да живеете во Њујорк и да ве поканат во ноќен клуб полн со убави луѓе. Притисокот е сигурно многу голем. Според полицијата, дилерите за време на Модната недела заработуваат вистинско богатство.

8. Лаги и експлоатација

10 факти за грдата страна на модната индустрија

Многу жени кои се обидуваат да станат модели се лесни мети за киднапирање и се присилени на проституција. Поранешен полицаец од Мајами објавил онлајн лага – објавувал реклама за кастинг за модел и чекал да се појави некоја убава девојка. Штом пристигнувале, девојките биле онесвестувани и силувани пред камера. Мажите одговорни за ова се фатени, но постојат уште слични случаи. Дури и ако моделите најдат вистинска агенција, сепак се експлоатирани. Се сметаат за независни, иако се присилени да работат само со една агенција. Со ова агенциите земаат голем дел од платата на моделите без некое објаснување. Тие немаат никакви права и заштита како работници.

9. Важен е секој центиметар

10 факти за грдата страна на модната индустрија

Бидејќи моделите мора да носат совршено скроена облека на модните писти, тие мора постојано да ја одржуваат истата тежина. Ако изгубат или додадат само еден центиметар додека работат со еден клиент, можат да ја изгубат работата. Ова ќе има влијание на нивната репутација. Овој притисок ги тера моделите да прават луди нешта за да ослабат како земање лаксативи, повраќање и јадење памучни топчиња. Ова не е бидејќи дизајнерите се сурови, тоа е само дел од бизнисот. Стотици модели се пријавуваат за аудиција, а се избираат само неколку. Поради крајните рокови, на дизајнерите им е полесно да викнат нов модел наместо да шијат наново. Имајте на ум дека многу жени имаат подуеност или им се појавуваат акни пред менструацијата. Многу модели се обидуваат да го спречат ова така што веќе немаат ни менструација. Ако ова се одвива подолго време, може да има големо влијание на нивната плодност.

10. Рок на траење

10 факти за грдата страна на модната индустрија

Кога ќе се земе предвид дека модната индустрија најмува екстремно млади девојки, доаѓа период кога моделот станува престар за да работи. За жал, многу од овие девојки го напуштиле училиштето или факултетот за да станат модели и кога ќе стигнат на средината на 20-тите сфаќаат дека немаат други вештини. Иако има и некои постари модели, нивните можности се многу помали. Како што наближуваат кон 30-тите, на моделите им станува потешко да најдат работа. 50-годишниот поранешен модел Керен Добрес се пензионирала на 25 години, но контактирала агенција која охрабрувала постари жени да отидат на аудиција. Од агенцијата ѝ наплатиле 100-тина евра за фотографиите за на крај да ја одбијат по телефон кога прашала за работа.

Прочитајте ги и овие помалку познати факти за шминката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар