10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле

Автор: Ема Јакимовска

Едгар Алан По е американски автор, поет, критичар, еден од претставниците на романтизмот во американската литература, најмногу познат по своите кратки раскази. Неодамна, преку изложбата во библиотеката и музеј Морган се доаѓа до 10 неверојатни факти за животот на овој автор, кои досега сигурно не сте ги знаеле.

1. Расказите на Едгар Алан По за францускиот детектив Августин Дупин, послужиле како модел за создавање на ликот на Шерлок Холмс, во делото на Артур Конан Дојл.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле2. По ја направил оваа дагеротипија (фотографирање со помош на сребрени или бакарни плочи), четири дена по обидот за самоубиство. Се обидел да се самоубие преку предозирање со опиум, на 5 ноември 1848. Наредниот месец се свршил со Сара Хелен Витман, но никогаш не се земале.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле3. Напишал дека дагеротипијата е „можеби најголемиот триумф на модерната наука“.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле4. Еден од своите кратки раскази, По го напишал на огромен свиток хартија со должина од 670 см, направен од многу други хартивчиња, меѓусебно залепени со восок.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле5. Љубовта од детството на Хамберт Хамберт во романот „Лолита“ на Набоков, Анабел Леј, е именувана според Анабел Ли на По.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле6. По се земал со неговата тринаесетгодишна братучетка, Вирџинија По, кога тој имал 27 години. Таа починала од туберкулоза во 1847 година, на 24-годишна возраст. Последната поема на По „Анабел Ли“, била објавена во 1849, по нејзината смрт.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле7. За Оскар Вајлд По бил „крал на романтизмот“.(7) 10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле8. Францускиот поет Шарл Бодлер се восхитувал на работата на По и поминал многу години преведувајќи го на француски. Ги превел неговите раскази и четири од неговите поеми.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле9. Писателката Џојс Керол еден од своите кратки раскази го напишала токму во стилот на мрачниот По.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле 10. Првото нешто што По го напишал биле поемите на памфлет. Поголем дел од поемите биле напишани кога тој имал 14 години.10 факти за Едгар Алан По кои досега не сте ги знаеле


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Интересни податоци за генијалниот Poe. Но: „Наредниот месец се свршил со Сара Хелен Витман, но никогаш не се земале.“ Правилно е: “Никогаш не се ЗЕЛЕ!“ Исто и: „По се земал со неговата тринаесетгодишна братучетка“. Не, туку се ЗЕЛ! Глаголот означува завршено дејство. Научете да го менувате глаголот правилно, сепак пишувате за јавен портал на литературен македонски јазик. Поздрав.

Остави коментар